Наградите на Блогираме истакнуваат врвни блогери и твитерџии од Македонија

Македонскиот агрегатор на блогови Блогираме ги објави резултатите од нивните први годишни награди, како и видео-снимки од церемонијата на доделување одржана на 23 ноември 2012.

Според добиените гласови:

  • За најдобар блог за 2012 година е избран Здраворазумен хејтеризам, кој исто така е прогласен за најреволуционерен (социјално и политички ангажиран) како и за најсмешен блог;
  • Angela Dissected е прогласена за најсекси блогерка;
  • Букбокс – најдобар блог во домен за културни работи (литература и сл.);
  • Skopje Casual – најБлог за мода и други модерни работи, како и најдобар фото-блог;
  • NBA Macedonia – најдобар спортски блог;
  • This is Not a Social Media Blog – најдобар ИТ и/или интернет маркетинг блог.
  • Блог пост на годината: „Животот на еден електраш“


(Видео од @banekoma.)

Избраните победници во категориите поврзани со Твитер се:

  • RumStangla – најдобра твитерџика што почнала да твита во 2012 година и најдобра твитерџика;
  • OffNetMk – најкомпанија/организација на Твитер;
  • BatmanSaysT – твитерџија кој оваа година најмногу напреднал од стартот на неговата твитерџиск кариера;
  • Sead93 – твитерџија кој е најкорисен и кој е вистинска вредност што ја имаме во твитерсферата;
  • Mekica – најдобар аватар;
  • Sulimanovic – најдуховит твитерџија;
  • IrenaXXXX – најдобра твитерџика во (#третасмена односно #tretasmena);
  • SkDeeyasporah – најактивен твитерџија од дијаспората.

Ангела/@RumShtangla ги покажува трите награди. Фотографијата е објавена со дозвола.

Нај-хаштаг за 2012 г. е #ЗдравоБоби. Јована Тозија објасни дека за разлика од користољубивите мотиви во минатото, сега треба „сега само твитер и јавно изразена желба за полов однос со истата“. Овој мем почна многу невино, кога Боби пофали „феноменално прекрасна“ врвна манекенка со покана да му роди дете. Таа му одговори со фото-поздрав.

Поентата на оваа вирална кампања, односо „успешен тролинг проект“” според RubinBT, беше да се покаже моќта „на социјална мрежа да добиеш одговор од селебрити со еднаков дух како твојот“ како што дообјасни Nixon, Inc.

За нај-твитот за 2012 година е прогласен следниот:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.