Како користењето на Твитер може да и стави крај на вашата политичка кампања во Русија

На почетокот на оваа недела, политичар кој се кандидираше за Градскиот Совет беше дисквалификуван од страна на судија во Краснодар, по утврдување дека неговите материјали за кампања ги прекршуваат авторските права на трите популарни интернет мрежи: Твитер, Фејсбук и Контакти. Што всушност беше кривичното дело на овој човек? Тој имаше црно бела реклама, објава во весник која ги содржеше логоата на трите популарни сајтови, упатувајќи на тоа дека гласачите можат да пронајдат повеќе податоци за неговата кампања онлајн. (Тој исто така беше осуден дека ги примамувал гласачите преку нудење на бесплатна правна помош.)

Виновната страна, одреден Генади Уфимцев, кој е член на опозициската партија Само Русија, му се приклучи на Анатоли Овечко, амбициозен соработник во Градскиот Совет од Комунистичката партија, чија што кандидатура исто така беше запрена од судијата Вијачеслав Риаднев од судот во Ленинската област во Краснодар. (Овечко наводно ги прекршил финансиските закони на кампањата со трошење на илјада долари над дозволената граница за мандат.)

Picture of Ufimtsev's controversial campaign ad. Screen capture from YouTube. 4 March 2013.

Слика од рекламата на контроверзната кампања на Уфимцев. Сликано од Јутјуб. 4 март 2013.

Иако е тешко да се поверува, рекламната кампања на Уфимцев во весникот би можело да ги прекрши правилата за прикажување поставени од Твитер. Твитер го има својот заштитен знак во четири бои (ова е третиот дизајн на  компанијата, присвоен во јуни 2012 година, кој содржи мала нацртана птица). Во промотивните материјали на Уфимцев, беше објавено логото од вториот твитеров дизајн, со што според упатството на Твитер е дефинирано како недозволено.

Додека Уфимцев треба да му заблагодари на судијата Риаднев, за неговото осудување и елиминирање од кандидатурата во Градскиот Совет, тој исто така без сомнеж сака да ја продлабочи својата благодарност кон ривалскиот кандидат Ринат Галиамов, член на новата партија „Градови на Русија“ (владино пријателски настроено возило, најверојатно создадено да ја расипе солидарноста на опозицискиот глас.) Галиамов е човекот кој го донесе оделото во суд. И „непријателската листа“ не завршува тука. На 6-ти март во една објава на блог во LiveJournal, Уфимцев го издвои Максим Бурлачко, кандидат од Обединета Русија кој се бори за Градскиот Совет, кој всушност е син на претседателот на комисијата на изборите во Краснодарскиот крај.

Доколку судијата Риаднев навистина сакал да го „исчисти“ изборот за Градскиот совет на Краснодар, од досадни опозициски кандидати, тој сепак го направил тоа во вистински момент пред да биде предоцна. Како што се случи, пресудата против Уфимцев и Овечко не беше во сила до 11ти март, еден ден по гласањето. (Се чини дека заговарачите не го зеле предвид празникот за денот на жената 8ми март.) Со други зборови, двата кандидата можат да учествуваат во изборот овој викенд. Ако било кој од нив победи, како и да е, резултатот од изборот ќе биде дисквалификуван кога Риаднев ќе пресуди во понеделник.

За да нема обесхрабрување, правниците во Краснодар го забрзаа процесот на поднесување жалби (иако Уфимцев и Овечко треба да поднесат петиција), испраќајки ги првичните пресуди на разгледување до суд од повисоко ниво утре, во сабота 9ти март. Тоа ќе овозможи друг судија да го подржи владеењето на Риаднев и да ги тргне двајцата кандидати од финалното гласање.

Во врска со овој случај, онлајн порталот The Caucasian Knot се обрати на локалниот претставник на GOLOS и активист за човекови права Михаил Велигодскии, кој напомена дека е природно за политичарите кои се натпреваруваат да направат се што можат за да го отстранат противникот. Вистинскиот предизвик, тој предложи, се руските „строги изборни закони и проблеми со независноста на судиите“. Упатувајќи се кон избирачките места во недела, гласачите на Краснодар би требало да се запрашаат кој од кандидатите нуди решение на овие теми кој се случуваат во регионот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.