Југоисточна Азија: Иницијативи за прославување на Меѓународниот ден на мирот

Многу младински групи во Југоисточна Азија започнуваат некои активности за прославување на Меѓународниот ден на мирот на 21 септември. Кампањата е навремена и важна бидејќи на многу земји во регионот им се закануваат долгите граѓански војни, граничните конфликти и сепаратистичките движења.

Чип Ијен, млад човек од Виетнам воедно и страсен патник, дискутира за тоа како патувањето може да поттикне мир:

Верувам дека заедничкото разбирање е клучен фактор за мир, а патувањето го пружи првото искуство за навистина да го разбереме светот околу нас. Колку повеќе сфаќаме, толку помалку судиме. Колку помалку судиме, толку сме по подготвени да прифатиме, отколку да мразиме или да се плашиме од разликите. Нема да мразиме некој само поради тоа што има различна боја на кожа, е од различна религија или има различна култура.

Promoting Peace in Mekong

Поттик за мир во Меконг

Рити од Камбоџа смета дека мирот не е само отсуство на конфликт туку и нешто повеќе:

Мирот не е само едно прашање, конфликт или војна, туку тој ги претставува и нашите секојдневни проблеми како што се: животната средина, политиката, религијата, образованието, правдата, особено „животниот стандард“ на луѓето со кој не можеме да решиме ниту еден проблем, а велиме дека имаме мирна држава.

Некои мислат дека возрасните треба да им придаваат посебна важност на вредностите на децата заради мир. Мианфин Конгшиај од Креативната младинска група од јужен Тајланд напомена за тоа како ние треба да го почитуваме изборот на нашите деца.

Она што сакам да го постигнам е да ја почитувам и ценам слободата на мислење на децата кога и да посакаат да одлучат сами за нешто или да научат нешто сами. На крајот, мораш да го почитуваш тоа што децата го избрале.

Нуе Нуе од Ситве, Мјанмар рецитираше една песна со наслов „Сите ние сме тука за сите“ (анг. “We are all for all”) за време на Младинската Конференција 2012 во Мјанмар.

Зошто сé уште мора да се караме едни со други?
Кога сите живееме под исто Сонце…

Зошто сé уште мора да се дискриминираме едни со други?
Кога преживуваме под иста Месечина…

Зошто сé уште мора да дозволуваме конфликтите да продолжат?
Кога се бориме под исто небо…

Ние сме деца на светот…
Ние сме деца на природата…

Под ист чадор на надеж и мир…
Се штитиме од војна и омраза…

Затоа, сите ние сме тука за сите….
Живееме за да научиме, и учиме за да одиме напред…

Why we still need to fight with each other?
Since we are living under the same sun…

Why we still need to discriminate each other?
Since we are surviving under the same moon…

Why we still need to keep the conflicts go on?
Since we are struggling under the same sky…

We are children of the world.
We are children of the nature…

Under the same umbrella of hope and peace…
Protecting ourselves from war and hatred….

So, we all are for all….
Living to learn and learning to lead….

Напалмжој го величеше заедништвото помеѓу младите муслимани и христијани на Филипините на еден Совет на амбасадори за мир, технологија и младост.

Тоа беше толку пријатно да се види. Толку е ретко да се видат муслимани и христијани тука на Филипините, а уште поретко да комуницираат како пријатели и без предрасуди. Ние можеме да живееме и во две различни држави кога станува збор за Манила и Манданао. Ова се тинејџери кои созреваат со мирен начин на мислење. Созреваат во време кога муслиман е синоним за страв. Прекрасно е да се види како следните генерации растат и сакаат да го премостат јазот кој ја раздели мојата земја толку многу поради што започнавме војна.

„Стоп за војните ширете МИР“. Активности држат знаме на Младинскиот форум АСЕАН во 2012 година, Камбоџа. Фотографија од страницата на Фејсбук на Младинската кампања во Мјанмар

Патувањето за мир во Меконг, кое се фокусира на градење на културата за мир во регионот Меконг, одржува низа активности кои привлекуваат млади амбасадори за мир во Камбоџа, Тајланд, Мјанмар, Лаос и Виетнам. На пример, „Чекор за мир“ годишно организира Програма за размена во Камбоџа и Тајланд која се стреми да создаде подобро разбирање и заедничка доверба помеѓу двете земји. Во меѓувреме, Истражувачката мрежа за човекови права во Југоисточна Азија (SEAHRN) организира годишна конференција за човекови права и мир и конфликт во Југоисточна Азија. Во Мјанмар, Мрежата за мир бара престанок на граѓанската војна која е во тек.

Генерацијата за мир од Индонезија организира движење “Rainbow for Peace”(„Виножито за мир“) кое претставува нова иницијатива и прво движење во Индонезија поддржано од заедницата на млади од Генерацијата за мир во Џакарта.

Меѓународниот ден на мирот ќе се прославува во 8 градови и провинции во Камбоџа, а го организира Деловна група за мир.

Волонтерска младинска мрежа, базирана во Јангон, составена од 17 волонтерски групи во Мјанмар, планира да организира некои мировни активности како што се: пеење песни за мирот и распределување плакати за мирот со заедничкиот слоган „Стоп за граѓанските војни“.

И SGM „Сока Гакаи Малезија“ (анг.Soka Gakkai Malaysia ) во Малезија организира изложба – „Градење култура за мир за децата од светот” со цел да ја поддржат Културата за иницијатива за мир на Обединетите нации.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.