Сирискиот режим наводно го убил карикатуристот Акрам Раслан

Продолжува неизвесноста околу судбината на сирискиот карикатурист Акрам Раслан, добитник на Наградата за храброст во политичка карикатура за 2013 година, кој беше уапсен во октомври 2012 година од режимот на Асад. Има извештаи дека тој бил убиен од режимот по монтиран судски процес, но и тврдења дека е сè уште жив.

Карикатуристот бил уапсен од сириското воено разузнавање додека бил во редакцијата на владиниот весник Ал-Федаа во Хама, на 2 октомври 2012. Акрам, кој беше добитник на Наградата за храброст во политичка карикатура за 2013 година која ја доделува Меѓународната мрежа за права на карикатуристите (ЦРНИ), наводно  бил однесен на тајно судење без сведоци, без адвокати на одбраната, без право на жалба и без надеж за правда.

Дознавме дека на 26 јули 2013 г. Акрам Раслан и други затвореници на совеста меѓу кои новинари, уметници, пејачи и други интелектуалци биле жртви на таен судски процес без сведоци, без адвокати, без право на жалба и без надеж за правда. Од непотврдените и некомплетни известувања исто така дознавме дека сите биле осудени на доживотен затвор.

StJustAkram

Блоговите за карикатури како Comic box resources blog, Cartoon for Peace, The CAGLE Post и The Daily Cartoonist исто така ја цитираа веста од ЦРНИ и изразија загриженост за судбината на Акрам. Еден од коментарите гласеше:

Акрам, ти и твоето семејство сте во нашите молитви… Асад, ти и тие као тебе сте…. !@#$%^&*

1379962_219612541495751_360976758_n

На 18 октомври 2013 г. Redac_MM напиша пост насловен „Храбар карикатурист е убиен од сирискиот режим“

Со жалење пишувам дека Мрежата за права на карикатуристите извести дека сирискиот карикатурист Акрам Раслан е погубен од сирискиот режим по монтиран процес.

Потоа Сирискиот набљудувач (анг. Syrian Observer) цитираше посилна порака: „Овде има змејови: Во Сирија е убиен Акрам Раслан“ (прим. прев.: изразот „овде има змејови“ се користел на стари мапи да означи неистражени територии):

Тираните можеби ќе можат да се борат со критики или востание или дури и обид за атентат со пендреци, куршуми и терор. Но каде да ги насочат цевките на пушките за да ги спречат луѓето да им се смеат? Постои ли поефикасен, помоќен и поефтин начин да им дадеш моќ на луѓето од отстранување на нивните стравови преку храбра карикатура, овозможувајќи им да се изнасмејат низ нивниот страв?

6a014e5f5d3c7c970c01901ca08c33970b-640wi

Една од карикатурите на Акрам која го разбесни режимот на Асад. Извор: Блогот Cartoon Movement. Објавена под CC BY 2.0

На Твитер, Риме Алаф напиша:

Алисар Ирам покажа солидарност на Фејсбук:

Акрам Раслан, мртов или жив, те помниме и те цениме.

Сирискиот набљудувач заклучи со жалење и надеж:

Жалам што не можев да посегнам во дупката и да те извлечам Акрам. Те молам прости ми. Можеби твојата жртва ќе нè мотивира повторно да се погледнеме во огледало и да прашаме кога ја преминуваме линијата помеѓу стравот и храброста. И ќе нè предизвика, повторно, да го направиме првиот чекор.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.