Македонскиот суд казни новинар и магазин за цитирање на извор

The top headline quotes the statement of former ambassador Igor Ilievski: “I left because of the pressure from Mijalkov”. The second headline reads: “Embassy in Czech Republic under bombing threats, Ministry for foreign affairs doesn’t lift a finger”. Photo by <a href="http://novatv.mk/index.php?navig=8&amp;vest=11124&amp;cat=2">NovaTV</a>, used with permission.

На сликата се изданијата од дневниот весник Фокус каде биле објавени текстовите. Фото: NovaTV.

По контроверзната пресуда со која еден од последните независни македонски магазини, Фокус беше обвинет за нарушување на честа и угледот на Сашо Мијалков директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Основниот суд Скопје 2 пресуди дека Фокус треба да му плати на Мијалков над 9.000 евра (околу 12. 500 американски долари) за нарушување на честа и угледот. 

Мијалков го тужеше дневниот весник Фокус за два текста кои се базираат на изјави на поранешниот македонски амасадор во во Република Чешка Игор Илиевски. Илиевски беше на оваа дипломатска позиција до декември 2012 кога ги информираше медиумите дека неговиот мандат завршува пред официјалната дата, обвинувајќи го Мијалков за тоа. 

Според сите докази за случајот кои и се достапни на јавноста излегува дека весникот е казнет само за пренесување на изјави од изворот. Единствената потенцијално спорна реченица во текстовите е „Неофицијално, директорот на УБК, Сашо Мијалков, уште пред празниците е во Прага, каде што поседува бизнис-империја“ со која се претпоставува дека Мијалков престојувал во Прага.  

Владо Апостолов, новинарот кој ги напишал текстовите како и главниот и одговорен уредник на неделникот Фокус Јадранка Костова ќе треба да платат 6.000 евра (околу 8.200 долари) оштета и околу 3.300 евра (околу 4.500 долари) трошоци за адвокатот на Мијалков. 

Илиевски кој исто така треба да му плати на Мијалков  оштета од 10. 000 евра за дневниот Фокус изјавил дека главната  причина зошто бегал од Чешка била „координираната активност на шефот на македонската тајна полиција Сашо Мијалков со неговите пријатели, кои се мошне добро организирани во Чешка“. 

Тој исто така изјавил дека Мијалков вршел огромен вербален притисок врз Министерот за надворешни работи Никола Поповски и врз претседателот Ѓорге Иванов за да ги тргнат рацете од случајот.  

За дневниот весник Фокус, Илиевски изјавил: 

Сашо Мијалков го спречи тоа и почна масовен последен напад. За среќа, неуспешен. Мијалков беше нем набљудувач на четирите закани по мојот живот и трите закани за бомба на амбасадата

Владо Апостолов во интервју за A1on вели дека е скандалозно тоа што се осудени за пренесени изјави од поранешниот амбасадор Илиевски.

Како што веќе пренесе Глобал Војсес, медиумскиот простор во Македонија се повеќе станува опасно место за изразување, а Апостолов ја потсетува јавноста на ова во интервјуто:

Од една страна паричната казна е голема и за Фокус е критична, ама од друга страна Македонија е земја во која што новинари одат во затвор, други загинуваат во сообраќајни несреќи под чудни околности, и со парична казна ни е треба дури да бидеме среќни

По судската одлука, главната и одговорна уредничка Костова за Balkan Insight изјави дека „Со овие критериуми постои голема можност да се затвори и неделникот Фокус. А можеби и точно тоа е нивната цел“. Таа додава дека последниот неделен магазин (Фокус) кој е критички настроен кон владата на премиерот Никола Груевски веќе има финансиски потешкотии, најмногу заради серијата од тужби против него. 

Одлуката на судот поттикна многу реакции од медиумите како и од граѓаните на социјалните мрежи.

Мери Јордановска, новинарка во Фокус на нејзиниот Фејсбук профил постираше: 

И после ќе зборуваме за автоцензура? Па нормално дека ќе зборуваме!
Гарантирам дека после пресудата, ќе нема новинар што 3 пати ќе се запраша дали да пренесе изјава од некој! А во случајов тоа не е било кој, туку бивш амбасадор. Интервјуто и пренесувањето изјави ќе станат потежок жанр од истражувачкото новинарство!
Ај што луѓево одамна се плашат да проговорат, туку сега и оние што ќе сакаат да проговорат ќе нема кој да ги пренесе.

Минатата година дневниот и неделниот весник „Фокус“ беа затворени привремено заради   ненадејната смрт на нивниот сопственик и издавач, Никола Младенов кој загина во сообраќајка во март 2013 за кои многумина се сомневаат дека не била случајна. 

Дневниот весник беше затворен заради финансиски причини и неколку тужби за клевета, додека неделникот „Фокус“ започна повтроно да се издава во јули 2013 под водство на Јадранка Костова.  

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагираше на пресудата со која велат „драконски се казнети за клевета новинарот и уредникот на неделникот“. 

Во соопштението на ЗНМ стои дека:

Ова е прва осудителна пресуда против новинари според Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета која може да се процени како сериозна непријателска порака кон новинарите на Македонија. Со пресудата новинарите се заплашуваат и обесхрабруваат да информираат и истражуваат за одговорноста на јавните функционери што е една од главните принципи на новинарството низ целиот свет

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) реагираше дека оваа казна е јасен показател на односот на судската власт кон слободното новинарство од една страна и власта од друга.

Казните за новинарите на Фокус се показател за исклучително непријателскиот и репресивен амбиент во кој функционираат новинарите во Македонија

Интернационалната организација Репортери без граници со соопштение силно го осуди судското малтретирање на Фокус. 

Репортери без граници силно го осудуваат судското малтретирање на Фокус, една од последните независни публикации во Македонија. Уште еднаш судот во Скопје го осуди Фокус на несразмерно висока парична казна со што, се чини, дека има за цел да се затвори последниот независен неделник во Македонија

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.