8 шокантни цитати од малезиски политичари

Balik Cina е нова веб-страница која ги собира некои од најсмешните и озлогласени цитати изјавени од малезиски политичари.  Поголемиот дел од цитатите поставени на страницата се објавени од страна на нетизени. Цитатите линкуваат до изворната вест која обезбедува детали и контекст по одредено прашање. Balik Cina е всушност познат цитат во Малезија. Еве ја причината зошто страницата се вика токму така: 

Balik Cina буквално значи „назад во Кина” во Бахаса Малезија. Поимот Balik Cina прв пат бил популаризиран од директорот на средното училиште Шах Алам во јули 2013. Овој поим заедно со други фрази од сличен карактер се оттогаш популарни во Малезија. Инспирирани од извонредниот квалитет на јавниот дискурс засилен од малезиските политичари, ние го оформивме BalikCina.com за да водиме евиденција на сите возбудливи случувања на нашата политичка сцена. Balik Cina се стреми да биде најфината колекција на прекрасни и инспиративни цитати од малезиски политичари и јавни личности.

Аизил Азле од The New Forward ја рецензира веб-страницата и потврдува дека мализиските политичари често даваат смешни изјави: 

Малезиските политичари кажуваат смешни работи толку често што повеќето од нас не можат ни да ги следат. Пред да завршиме со смеењето на еден цитат, веќе на интернет е вирален нов. Толку многу се што не можеме да постигнеме да запомниме ни половина од нив. 

Подолу се осум примери од некои од најнезаборавните и шокантни звучни парчиња од малезиски политичари во последните неколку години: 1. Министерот за федерални територии Тенгку Аднан Мансор поттикна контроверзии кога спореди процена на имот со жени. Тој оттогаш се извинуваше повеќе пати за своите забелешки, но истовремено ги обвинува медиумите за негово погрешно цитирање. 

makeup 2. Премиерот Нагиб Разак, најистакнатиот и активен корисник на социјални медиуми во Малезија, објави фотографија од неговата средба со основачот на Фејсбук – Марк Зукерберг. Но тој најверојатно мислел дека се наоѓа во просториите на Твитер. 

najib_fb

3. Настрана од маиците со V-отвор, упатствата предупредуваат дека „претпочитањето на тесни и облеки во светли бои” е индикатор на хомосексуалност. 
gay

4. Минатиот месец, на независна веб-страница не и беше издадена дозвола за објавување поради следната причина: [Премногу весници ќе ги збунат граѓаните на Малезија]

newspapers

5. Лидерот на опозицијата Анвар Ибрахим најверојатно претпоставил дека може да ја искористи несреќата MH370 за да го потцени кредибилитетот на владејачката партија. Имаше контраефект.

anwar

6. Еден пратеник сака да го цензурира интернетот со цел да ги смири кинеските роднини на патниците од исчезнатиот малезиски авион MH370. Тој ги обвини нерегулираните медиумски информации како извор на бес за роднините. 

censor

7. Овие санитарни влошк мора да се извор на сите крвави зла во светот. 

sanitary_pads

8. Малезија, земја каде поголемиот дел од населението е од муслиманска вероисповед, има закон кој забранува не-Муслиманите да го користат зборот Алах кога се обраќаат на христијанскиот Бог. 

ali

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.