Кус водич за изборите во Македонија 2014 г.

Во текот на април 2014 година во Македонија се одвиваат два вида избори, претседателски и предвремени парламентарни.

Како и во други земји, многу информации се достапни преку Интернет. Глобал војсис собра список на некои од ресурсите кои корисниците на интернет може да ги користат за да ги следат изборите во Македонија, како и календар на датумите кога се гласа.

Macedonia elections 2014. Photo by Global Voices. CC-BY.

Гласач со означен палец кој држи во раката информативен леток издаден од ДИК. CC-BY.

Календар за изборите во Македонија 2014 година:

13 април, неделаПрв круг на претседателските избори27 април, неделаВтор круг на претседателските избори

Предвремени парламентарни избори

Ден Активност
12 април, сабота Почнува предизборен молк
26 април, сабота Почнува предизборен молк

Клучни веб-сајтови:

Хаштагови на Твитер:

Веб-сајтови и Твитер профили на претседателските кандидати и нивните политички партии (редните броеви се исти како оние на гласачкото ливче):

  1. Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ (@timmakedonija, #Иванов – афирмативен, како и #Хорхе – критички).
    Слоган: „Државата над сè“.
  2. Иљаз Халими од ДПА (@gurrapdsh).
    Слоган: „За албански претседател“.
  3. Стево Пендаровски од СДСМ (@spendarovski, #Стево – афирмативен, како и #промени).
    Слоган: „Македонија заслужува претседател. Стево, мој претседател“.
  4. Зоран Поповски од ГРОМ (@PopovskiZ).
    Слоган: „Храбро за Македонија. Храбар човек, горда држава“.

Блогот Комуникации објави концизна и интересна анализа на слоганите, додека написот на Балканист „Изборите во Македонија: Земјата на ветувања“ (на англиски) уредно ги сумира некои од главните прашања.

Предвремените парламентарни избори во Македонија имаат иста екипа на ликови како во 2011 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.