Се што треба да знаете за рускиот пад на интернетот

Images mixed by author.

Фотографии монтирани од страна на авторот.

Бројот на рестрикции поставени на интернетот во Русија откако Владимир Путин се врати во Кремлин во 2012 е запрепастувачки. Што е забрането и што е уште легално на RuNet? За да им помогне на луѓето да пратат што е што во рускиот сајберсвет, RuNet Echo состави хронолошка листа на најважните закони што го погодија рускиот интернет по изминативе две години. За секој закон, читателите можат да најдат линкови до легислацискиот целосен текст на руски, како и до статии на англиски од RuNet Echo кои ги опишуваат деталите и значењето на секоја иницијатива.

Законот кој лансираше илјадници бродови: креирањето на црната листа на RuNet

[Цел текст на руски. Коментарот на RuNet Echo на англиски.]

Потпишан од Путин на 28 јули, 2012. Ова е закон кој го лансираше падот на интернет слободата во Русија. Законот креираше владин регистер на веб-сајтови кои се смета дека содржат материјал кој може да ги повреди децата. Нелегалната содржина во законот вклучува детска порнографија, реквизити поврзани со дрога и инструкции за самоповредување. Без судска наредба, Руската федерална агенција за комуникација може да го додаде во регистерот било кој веб-сајт што содржи таков материјал. Подоцнежните закони и овозможија на полицијата да додава на црната листа други типови на веб-сајтови, истотака, користејќи ги инструкциите креирани овде.

„Руската SOPA“

[Целиот текст на оригиналниот закон на руски. Текстот на изменетата драфт легислатива. Коментар на RuNet Echo на англиски.]

Потпишан на 2 јули, 2013. Често именуван како „Руската SOPA“, ова е анти-пиратски закон кој им овозможува на судовите да блокираат веб-сајтови обвинети за кражба на интелектуална сопственост. Она што дојде до Путин во јули 2013 беше некоја прочистена верзија на иницијалната легислатива, што повика на поставување на законот на поширока палета на содржини. (Финалниот текст на законот се однесува само на украдени филмови.) Рускиот Парламент сепак е подготвен, да донесе нова ставка оваа година која ќе го прошири законот на музика, е-книги и софтвер.

Црна листа на вести

[Цел текст на руски. Коментар на RuNet Echo на англиски.]

Потпишан на 28 декември, 2013. Овој закон му дава на рускиот јавен обвинител дополнително законско право да додава на црната листа на RuNet било какви веб-сајтови кои содржат повици на бунт, екстремистички активности и поттикнување на етничка и (или) секташка омраза, терористички активности или учество во јавни настани одржувани од припадници на соодветните групи. Во март 2014, полицијата го искористи овој закон да блокира четири поголеми опозициски веб-сајтови, вклучувајќи три информациски портали и блогот на рускиот најистакнат анти-корупциски активист. Откако законот помина минатата година, Јавниот обвинител постави на црната листа 191 различни веб адреси.

Законот што се провлече: политика за интернет порталите за вести

Во април 2014, Путин на јавен форум објави дека владата го испитува легалниот статус на онлајн сервисите за прибирање вести како Yandex News. Во мај, заменик во Думата го праша рускиот јавен обвинител да посочи член за статусот на Yandex News, да одреди дали ставката треба да регулира такви веб-сајтови како масовни медиуми. На почетокот на јуни, извршниот директор на Yandex му се придружи на Путин на сцената на форум за интернет претприемништво, каде се разговараше спогодбено за економскиот потенцијал на RuNet. На 1 јуни, руските весници објавија дека јавниот обвинител не смета дека прибирањето на вести треба да се класифицира во категоријата масовни медиуми, прекинувајќи ги напорите на Думата да воведе нови регулативи на Yandex News и слични веб-сајтови.

Антитерористичкиот пакет, или „Законот за блогери“

[Цел текст на руски. Коментар на RuNet на англиски.]

Потпишан на 5 мај, 2014. Пакетот се состои од три одделни закони, брзо поминати на Думата по терористичките напади на Волгоград во декември 2013. Два од законите додадоа нови интернет регулативи, креирајќи рестрикции на електронските трансфери на пари (забранувајќи ги сите странски финансиски трансакции кои вклучуваат анонимни странки) и дополнителни побарувања за озаконување на активностите на „популарните блогери“ и задржувањето на податоци на одредени веб-сајтови и онлајн мрежи. „Законот за блогери“ стапи во сила на 1 август, 2014, креирајќи нов регистер посебно за граѓанските медиуми со дневна публика поголема од три илјади луѓе. Блогерите додадени на листата се соочуваат со серија нови регулативи (против непристоен јазик, клевета итн.), зголемувајќи ја ранливоста на кривично гонење.

Тешко време за ретвитање 

[Цел текст на руски. Коментар на RuNet Echo на англиски.]

Потпишан на 28 јуни, 2014. Овој закон и овозможува на владата да досуди петгодишна казна затвор за луѓето кои шират екстремистички материјал онлајн. „Законот против ретвитање“ кодифицира постоечка законска пракса, но официјализирањето на политиката, во иднина, може да го зголеми бројот на ваквите гонења.

Дигитален Гулаг

[Цел текст на руски. Коментар на RuNet Echo  на англиски.]

Изнесено од Думата на 4 јули, 2014. Легислативата се уште чека на одобрување од Сенатот и потписот на Путин. Ако помине, законот ќе бара од сите веб-сајтови кои чуваат кориснички информации за руски граѓани да ги постават тие податоци на сервери лоцирани во Русија. Според легислативата, на веб-сајтовите ќе им биде забрането складирање на лични информации за руските корисници било каде надвор од Русија (иако, текстот на законот е донекаде нејасен на ова поле, можеби поради судски ограничувања за тоа што Русија може да мандатира надвор од нејзините граници). Законот се однесува на широка палета на веб-сајтови, од ранг на сервиси за електронска регистрација до Фејсбук, влијаејќи на секој веб-сајт што оперира со концептот на „корисници“.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.