Овие Кубанци се бакнуваат во знак поддршка на правата на ЛГБТ заедницата

Besada por la diversidad Cuba

„Сакаме еднаквост во бракот.“ Во Сагуа Ла Гранде

Активисти во Куба прават „револуција од бакнувањето“ во поддршка на правата на ЛГБТ заедницата.

„Вториот по ред собир на бакнување за различност и еднаквост“, кој беше организиран од Proyecto Arcoiris (Проект Виножито), анти-капиталистички и независен проект, на 28 јуни собра околу 60 луѓе за „besada“ (бакнување) на еден од главните плоштади во Хавана и околу 15 луѓе во Сагуа Ла Гранде во провинцијата Вила Клара.

На настанот, активистите го прочитаа писмото што Проектот Виножито неодамна му го испрати на Естебан Лазо, претседател на законодавното тело на земјата, Националното собрание на моќта на луѓето, во име на протест поради дискриминацијата врз основа на пол и ХИВ статус во работната средина во новиот кубански закон за работни односи. Исто така, активистите, собраа и потписи на „besada.“

Низ историјата, ЛГБТ заедницата во Куба беше подложна на дискриминација и прогонување, но тие направија огромни напори за да остварат права во изминативе години. Сепак, има уште многу што да се стори. 

Погледнете некои од сликите од настанот од Рогелио Диаз Морено и Мајкел Гонзалес Виверо, објавени со нивна дозвола. Ако ве интересира уште повеќе, погледнете го ова видео, „Besada за различност и еднаквост, Хавана, 2014,” од Ракел Перез.

Бакнување во La Habana.

Foto de Rogelio Manuel Díaz Moreno, usada con autorización

Хавана

Хавана

Хавана

O

Хавана

Хавана

Хавана

Хавана 

Сагуа Ла Гранде

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.