Првични руски реакции за соборениот авион во Источна Украина

The skyline over eastern Ukraine, where a plane carrying 395 people was shot down. Image distributed anonymously online.

Небото над источна Украина, каде авион кој пренесуваше 395 луѓе беше соборен. Фотографија дистрибуирана анонимно онлајн.

Авион кој пренесуваше 295 цивили се урна во Источна Украина. Украинската влада ги обвинува сепаратистите вооружени со руски ракети земја-воздух. Украинските бунтовници ја негираа одговорноста. Со неколку ЈуТуб видеа со лош квалитет и зголемен број на обвинувања, руските Твитерџии се среде масовно распространета хистерија.

Сега сите сме наебале.

Ова е тотално сјебано.

Август е озогласениот крвав месец во руската историја. Жртви од минатото од „Августовата клетва“ вклучуваат неколку авионски несреќи, војни, терористички напади, природни катастрофи и така натаму. На некои Руси им е преку глава од идејата.

Само, ве молам, да не почнуваме со „август дојде порано оваа година.“

Многумина дојдоа до природниот заклучок дека бунтовниците го собориле авионот, веројатно без намера и случајно, користејќи оружја снабдени од Москва.

Украинскиот Совет за државна безбедност изјавува дека поседува информации за воениот арсенал достапен на милитантите [во истокот], кој е способен да сруши авион на толку голема височина.

Секако, не секој е спремен да ги обвинува бунтовниците. Брз во реакцијата на Дзјадко е про-кремлинската фигура Константин Рјуков, кој го обвини Дзјадко дека избрзува со судењето.

Дзјадко веќе изврши истрага и утврди кој е виновен. [Дзјадко во неговите твитови пишува, „Сега ‘милитантите’ го претераа со нивните руски оружја.“]

Други се прашуваа зошто цивилен лет воопшто го преминувал украинскиот воздушен простор на бунтовниците.

Анти-терористичката зона е затворена за цивилни летови. Што правеше овој авион таму?

Се разбира, кога во сомнеж, секогаш е тука проверениот и докажан метод на обвинување на Соединетите Американски Држави. Всушност, многу Руси се уште се сеќаваат на еден инцидент кој се случи пред повеќе од 30 години—Кореанско воздухопловство – Лет 007, кој беше соборен од авиони на СССР, западно од островот Сакхалин во 1983 и кој ги ескалираше тензиите помеѓу САД и СССР.

Американците не се војници, туку експерти на провокација. Војната во Истокот е загубена и затоа тие одлучија да го соборат овој малазиски авион.

Оваа приказна за малазискиот Боинг е ужасна трагедија. И, од некоја причина, навистина ме потсетува на американската провокација со јужно-корејскиот авион во 1980тите.

Детали за нападот и бројката на жртви брзо стануваат достапни, но ништо не може да се мери со брзината со која Твитер ги извртува теориите на заговор. Во средина која е толку поларизирана и гневна како што е онлајн дебатата за украинските бунтовници, фактите веројатно и никогаш немаа шанса.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.