Сакате да користите јавно Ви-Фи во Русија? Дајте лична карта

Russia will soon require a passport from those wishing to use public Wi-Fi. Images mixed by author.

Русија наскоро ќе бара пасош од оние кои сакаат да користат јавно Ви-Фи. Фотографија од авторот.

Интернет корисниците во Русија повеќе нема да можат анонимно да користат Ви-Фи на јавни места. Руската влада сега ќе бара од личностите кои се закачуваат на јавни Ви-Фи мрежи да покажат пасош или лична карта. Личните податоци ќе бидат снимени и зачувани од Интернет провајдерите, заедно со податоци за уредот кој бил користен, вклучително и неговата уникатна MAC-адреса. Според Руските медиуми, премиерот Димитри Медведев веќе го потпишал соодветниот владин декрет (целосниот текст и исто така достапен на владиниот портал за легислативи).

Декретот исто така ги обврзува соптвениците на Ви-Фи жешките точки – рестораните, кафетериите, библиотеките – да дадат листа на корисници на нивните јавни мрежи на нивните Интернет провајдери, објавувајќи ги нивните имиња, адреси и броеви на лични карти. Таквата листа би требало да биде обновувана на секои три месеци.

Директорот за односи со владата на Rambler & Co, Матвеј Алексеев мисли дека овој декрет е малку чуден, бидејќи Ви-Фи покриеноста во Москва, на пример, се простира и на паркови, дури и улици, што ја отежнува физичката идентификација.

Идентификация пользователя при доступе к Сети через Wi-Fi в общественных местах неосуществима. Только в Москве покрытие открытого Wi-Fi охватывает все парки и места общественного доступа. Не думаю, что все, кто придет в парк Горького, будут показывать свои паспорта.

Идентификувањето на корисници кога тие ќе се приклучат на Интернет преку Ви-Фи на јавни места е невозможно. Само во Москва, јавното Ви-Фи ги покрива сите паркови и точки на јавен пристап. Не мислам дека сите кои доаѓаат во паркот Горки ќе ги покажуваат своите пасоши.

Потребата за чување на лични податоци исто така значи дека сите кафетерии и паркови мораат да аплицираат за лиценца за “оператор со лични податоци” на Roskomnadzor или да платат казна доколку не го направат тоа.

Владини претставници, сепак, мислат дека декретот е особено потребен, бидејќи овозможува да попречуваат „опасните“ игри на сомнителни индивидуи во сегашната “информациска војна.” Така вели првиот заменик директор на комитетот за информациски политики, ИКТ и комуникации во Думата, Вадим Денгин:

Речь идет о безопасности. Идет информационная война. Анонимное подключение к интернету в общественных местах позволяет осуществлять противозаконные действия безнаказанно. Найти нарушителя бывает весьма сложно. Американцы боятся войны, сейчас им лучше всего воевать в информационном пространстве. Они усилили свой холдинг «Голос Америки». Те, кто заинтересован в дестабилизации, пытаются насытить Сеть мошенниками, фашистами и экстремистами. Всё, что связано с интернетом, должно быть идентифицировано.

Зборуваме за сигурност. Се води информациска војна. Анонимни поврзувања на интернет од јавни места овозможува вмешување во нелегални активности кое поминува неказнето. Може да биде многу тешко да се пронајде натрапникот. Американците се плашат од војна, сега за нив е најдобро да војуваат во информациската сфера. Тие го зголемија холдингот на “Гласот на Америка”. Оние кои се заинтересирани за дестабилизација се обидуваат да го натрупаат интернетот со злосторници, фашисти и екстремисти. Се што е поврзано со интернетот мора да има идентификација.

Како што Русија оди по стапките на некои од нејзините бивши Советски соседи, како Узбекистан, кој веќе бара корисничка идентификација за пристап на јавните Интернет конекции, можеме само да нагаѓаме што следно ќе му текне на Кремљ, како што владините претставници стануваат се повеќе параноидни кон потенцијалот на слободниот Интернет.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.