На црвениот тепих во Сараево, мајка и ќерка се прошетаа во фустани во боите на палестинското знаме

Sabina Šabić and her daughter, Sara, in the "flag gowns" at the Sarajevo Film Festival red carpet, August 2014. Photo by Davorin Sekulić/klix.ba, courtesy of Media Centar Sarajevo, used with permission.

Сабина Шабиќ и нејзината ќерка, Сара, носејќи фустани во боите на палестинското знаме,  позираат на црвениот тепих на сараевскиот филмски фестивал на 14-ти август 2014 година. Фотографија на Даворин Секулиќ/klix.ba, искористена со дозвола на Медиа Центар Сараево.

Извршната продуцентка на една театарска компанија и нејзината ќерка, го претворија нивното модно дефиле на црвениот тепих во една политичка порака, со тоа што на Сараевскиот филмски фестивал, кој се одржа овој месец, се појавија носејќи фустани направени од палестински знамиња.

Сабина Шабиќ од Сараевскиот воен театар и нејзината ќерка, пристигнаа на церемонијата за отворање на филмскиот фестивал, којшто е еден од најголемите во Југоисточна Европа, и, секако, еден од највидните на континентот, носејќи ја таа облека. Медиа Центар Сараево, невладина организација која ги поддржува професионалното новинарство и независните медиуми во Босна и Херцеговина, направи репортажа за овој и за други примери на „моден активизам“ на фестивалот, вклучувајќи и примери на вечерни тоалети инспирирани од скорешните поплави кои го зафатија регионот, примери кои некои ги сметаат за невкусен обид да се подигне свеста за природната катастрофа.

Палестинските „фустани во бои на знамето“ на Шабиќ, биле наводно поддржани од останатите гости на отворањето на фестивалот, но сепак, на друштвените мрежи низ регионот, поттикнале дискусија во поглед на користењето на ваквите места како и детето на Шабиќ при испраќањето на оваа порака кон светот.

Сараевскиот филмски фестивал отсекогаш негувал испраќање на политички пораки. Меѓународни ѕвезди, од типот на Боно, Анџелина Џоли и други, учествувале на фестивалот и го поддржувале, а секој, индивидуално, ги изразувал своите мислења за регионалните и глобалните политички случувања.

Овогодинешното издание беше дваесетто по ред издание на фестивалот, кој датира од невообичаениот момент на зачеток за време на опсадата на Сараево од октомври 1995 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.