Про-Владини демонстранти во Хонг Конг наводно биле наградувани со пари и бесплатна храна за нивното учество

Photos comparing the number of protesters of the 2014 July 1 pro-democracy rally and 2014 August 17 pro-government rally. Photo from inmediahk.net's Facebook.

Фотографии за споредба на бројот на демонстранти на про-демократскиот митинг на 1ви јули, 2014 и про-владиниот митинг на 17ти август, 2014. Фотографија од Фејсбукот на inmediahk.net.

Про-демократското движење во Хонг Конг летово постепено зема се поголем замав. Неофицијален референдум за правото да се номинира следниот градоначалник собра речиси 800,000 гласови, и околу половина милион луѓе маршираа за правото на глас, демократија и автономија од Кина на 1ви јули (иако полицијата пријави бројка од 98,000).

Протестантски тактики на про-пекингшките групи и други кои се против про-демократското движење се со тенденција да го достигнат нивното ниво на мобилизирање. Се формираше специјална коалиција за да го направи токму тоа, и велат дека десетици илјади се собраа на 17ти август на протест против плановите за окупација на финансиската област на поранешната Британска колонија за повикување на избори ослободени од влијанието на Кина. 

Но и покрај тврдењата на коалицијата дека нивниот митинг го надминал во број на учесници митингот од 1ви јули, фотографии од разни онлајн весници се чини дека го покажуваат обратното. Традиционалните и граѓанските медиуми исто така пријавија дека на некои демонстранти им биле давани 300 до 400 хонг конгшки долари (околу 38 до 50 американски долари) во готовина и добивале оброк во ресторан за нивното присуство.

Средиштето на проблемот се изборите за градоначалник кои се закажани за 2017. Пекинг вети на Хонг Конг, кој е специјален административен регион од Кина, директно гласање за првпат, но инсистира на постоењето на одбор за номинирање на кандидати кој би ги филтрирал непосакуваните. Консултативниот извештај на владата од Хонг Конг за изборни реформи предлага бројот на кандидатите да биде ограничен на двајца или тројца, имплицирајќи дека одборот ќе прави „проверка“ на кандидатите пред јавноста да има шанса да ги гласа. 

„Окупирај го центарот со љубов и мир” има намера да одржи масовен стациониран протест и да го бара правото на граѓаните да номинираат свои кандидати. Оние кои се противат се плашат дека ваквиот чин ќе резултира со хаос и ќе го уништи бизнисот. Од про-владината коалиција велат дека собрале 1,2 милиони потписи против нивните планови.

Полицијата од Хонг Конг го проценува бројот на демонстранти од 17ти август на околу 110,000, додека од коалицијата велат дека имало повеќе од 1,500 организации и 250,000 демонстранти. Пред митингот, многу нетизени велат дека добиле смс пораки од разни организации кои им велеле дека ќе добијат парична награда доколку учествуваат на про-владиниот протест.

Организаторите ги отфрлија пораките како „гласини“ раширени од опозицијата. Блогерот Erynnyes од „Тоа беа времиња” собра извештаи од традиционалните медиуми околу наводните исплати:

Photos showing the Fujianese Tong Xian Hui (fellow townsman association) hosting big lunch for their members before the rally. Photo from inmediahk.net

Фотографии кои ја прикажуваат Fujianese Tong Xiang Hui (асоцијација на сограѓани) приредувајќи ручек за нејзините членови пред митингот. Фотографија од inmediahk.net

這些,不是所謂的泛民傳媒,何以,不約而同有派錢、以飲食拉人遊行的報道?
童工不反對反佔中遊行,但,若要搞群眾運動表態,請不要以派錢、飲食去谷人數,以劣質遊行當作群眾表態,那,不只侮辱港人、還侮辱真正支持反佔中的市民!

[Извештаите кои ги цитирав] не доаѓаат од таканаречените про-демократски медиуми. И покрај тоа, сите тие имаат стории за исплата на граѓаните и нудење на бесплатно јадење во ресторан како начин на зголемување на бројката?
Не сум против контра-протестот на „Окупирај го центарот”. Сепак, доколку сакате да мобилизирате луѓе да поддржуваат политичка кауза, ве молам не користете пари или храна како инсентив. Таков митинг не само што ги навредува сите граѓани на Хонг Конг, туку и оние кои навистина ја поддржуваат политичката кауза позади протестите.

Шопинг „демонстранти” и измамени модели

Screen capture from Hong Kong Cable TV's interview. The protester said she came to Hong Kong for shopping. (via Facebook user: Jeff)

Скриншот од интервју на Хонг Конгшката кабловска телевизија. Протестантот вели дека дошла во Хонг Конг на шопинг. (via Фејсбук корисникот: Jeff)

Парични награди и бесплатна храна не беа единствените начини со кои организаторите наводно ги поттикнуваа луѓето да протестираат. Разни ТВ куќи најдоа кинески туристи од копното собрани во закажаната точка на протестот. Кабловска телевизија од Хонг Конг интервјуираше еден таков демонстранти кој рече дека тие дошле во Хонг Конг на шопинг. Всушност, голем број на „демонстранти” си заминаа по фотографирањето на групните фотографии во договорената точка за собирање во паркот Викторија без воопшто да учестуваат во протестот.

Coco Cherry, млад уметник, вели дека таа и нејзините колеги биле измамени од нивната моделска агенција да учестуваат. Таа ја објасни ситуацијата на Фејсбук:

其實今日早上進行到一半我已經很生氣地從金鐘地鐵站離開了 由於不想和公司鬧翻 我不等經紀人到就自己走了[…]當剛才看到報導和留言 真的超崩潰 ……不管後果是甚麼 我想讓你們知道真相 ……我回港後和朋友收到的資訊是 : 出席支持我的音樂老師音樂會的奇怪遊行 我承認我過度沉迷在自己的生活 根本全然不知今日是甚麼遊行日 甚至去到現場都還不知甚麼是反佔中 我們幾個女生問了好幾次 都没人答得出 經理人說他也不知道 反正是支持普選瓜[…]我承認我連這種政治都全然不知 真的好錯 …………可是當你在忙這忙哪獨自努力時 公司不只是甚麼忙都没幫還挖這麼大一個坑推我下去……………………我現在好亂 文字根本無法表達: ( 我們根本比同行大陆人 古惑仔 老人家更不堪 我們是一文錢没收像白痴一樣走了半天……………

Лута, си заминав од протестот кај Адмиралти метро станицата на половина пат од дестинацијата. Не сакав да ја уништам мојата релација со агенцијата, па си заминав без да му кажам на мојот агент […] откако ги прочитав извештаите и коментарите, целосно се скршив… повеќе нема да се воздржувам од кажување на вистината. Откако се вратив во Хонг Конг [од настап], пораката која јас и моите пријатели ја добивме беше: Мораме да одиме на митинг за поддршка на нашиот учител по музичко. Признавам дека сум премногу опседната со мојот приватен живот и не обрнувам внимание на вестите. Немав поим за овој митинг или што претставува „контра-протест за окупирање на центарот”. Ги прашавме нашите агенти многу пати за што е навистина овој протест. Агентот немаше поим и кажа дека е можеби за поддршка на универзалното право на глас […] признавам дека многу грешам што сум неупатена во политиката… сепак, кога си толку зафатен со градење на кариера, компанијата не ти помага и ти поставува ваква замка… имам толку измешани чувства и не можам да се изразам добро со зборови: Ние сме полоши од нашите колеги кинези од копното, гангстери или стари луѓе. Ние не добивме никакви пари и шетавме наоколу како идиоти половина ден…

Погорниве приказни не само што го поткопаа кредибилитетот на про-владиниот протест, како што Erynnyes заклучува на неговиот блог, оние кои регрутираа луѓе да протестираат со храна и пари ги засрамија останатите протестанти кои навистина ја поддржуваа причината за протестот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.