Алжир: Разочарување и гнев по поразот од Словенија

Фанови гледаат нетрпеливо, фотографија од Амекинфо на Фликр под лиценца на Криејтив комонс

По долгото чекање од 24 години, алжирскиот државен фудбалски тим конечно повторно стана дел од Светското првенство. Затоа што домашните работи се преполни со официјални пропаганди во медиумите (на радио и телевизија), Алжирците го фокусираа своето внимание на светскиот куп, надевајќи се дека ќе им понуди излез од секојдневните животи. Разочарувањето беше уште поголемо по поразот на нивниот тим од Словенија.

Фудбалска екипа според сликата на нејзината држава: издишана и саката…Честитки за Словенија, која си осигури себе си удобно место за втората рунда

пишува Ачене, млад активист за човекови права во Алжир, на својот профил на фејсбук [француски].

Абдерахман,новинар, исто така беше многу разочаран и го објави следниот саркастичен коментар на својата Фејсбук страна [француски]:

Тренерот Садане е извонреден! Го остава, Будебуз, играч кој вреди богатство, на клупата и игра со бескорисни играчи како Џезал и Саифи и што по ѓаволите бара тој на теренот?

Самир, студент, исто така саркастички ја доведе во прашање улогата на Џезал, играч кој доби црвен картон за време на натпреварот [француски]:

Абделкадер Џезал … играше како рагби играч против Ирска и Словенија, па стана ракометар….кога ќе почнеш да играш фудбал?

Слични чувства на огорченост и за Јахија, млад студент во Париз, кој постави загатка веројатно наменета за тренерот Садане [француски]:

Погодете кој носи камен во главата наместо мозок???

Туфик е песимист за шансите на алжирскиот тим [француски]:

Ако не можеме да победиме против Словенија, како тогаш да го победиме англискиот состав со силата на Руни и проектилите на Стивен Џерард и Лампард!

Блогерот РЗ се одлучи да се насмее на сметка на тренерот Садане [француски]:

Од тренерска гледна точка, тој не успеа да допринесе ништо конкретно за тимот во тешките моменти од играта, на крајот од краиштата, како што кажа пред неколку денови: „тој има добра клупа”. Всушност, тој е и во право, “шеикот” го следеше натпреварот од својата „клупа”, како да е само уште еден навивач… Прашан да ги даде своите импресии на крајот на натпреварот со Словенија, “шеикот” рече само “Слава за севишниот”! Доколку има тренер кој што треба да се заблагодарува на Господ, тоа е словенечкиот тренер, бидејќи успешно го надмудри Садане кој се крие зад својата титула на “шеик”.

Блогерот и новинар, Џамел Беншенуф, е изненаден од ентузијазмот што алжирскиот тим може да го покрене, а сепак населението во главно е толку неволно да се вклучи за други социјални причини [француски]:

Нација која не се мобилизира да ги заштити најслабите помеѓу нејзините граѓани, што се предава на угнетувањето без протестирање, што го оддава богатството на криминалците од најлош вид, што се оттргнува од ужасната судбина што ја очекува нацијата, па дури и иднината на нејзините деца, но може да има бескраен ентузијазам за фудбалски натпревари, тогаш оваа нација треба да се плаши од најлошото.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.