Викиликс и Тајланд

Кои се специфичните откритија за Тајланд на Викиликс? Најинтересното досега го наведува случајот на рускиот бизнисмен и наводен шверцер на оружје Виктор Боут на кој му се судеше во Тајланд пред да биде екстрадиран во САД оваа година. Документи од Викиликс ја открија загриженоста на САД за обидот на соработниците на Боут за потмитување на локалните тајландски службеници. Подолу има примерок од дописка од Амбасадата на САД во Тајланд, прикачена од Викиликс.

Во последно време, сепак, постоеја вознемирувачки навестувања дека xxxxxxxxxx на Боут и руските поддржувачи користат пари и влијаат во обид да спречат екстрадиција. Најнечуениот пример беше лажносто сведочење на xxxxxxxxxx дека Боут бил во Тајланд како дел од подморскиот договор влада-до-влада. На овој начин, почувствувавме дека е време повторно да се отвори прашањето на врвот на владата и да се разјасни дека, додека ни е јасно дека правниот процес мора да се спроведе без политичко мешање, инсистираме процесот да биде без корипција и незаконско влијание. Ќе продолжиме со оваа практика во наредните месеци.

Цитирајќи извештај од вести, Бангкок Пандит го сумираше целиот број на тајни телеграми кои се однесуваат на Тајланд.

…постојат 2.941 телеграми од Амбасадата на САД во Бангкок и уште 278 од Конзулатот во Чианг Маи – малку повисоки личности се исто така цитирани насекаде. Исто така ќе имате телеграми и од Стејт Департментот во врска со Тајланд. Би можело да има некои информации во телеграмите кои би биле многу засрамувачки и да откриваат особено за извештаи од персоналот во Амбасадата на САД по средбите со постари тајландски службеници и членови на елитата.

Загрижени дека Викиликс би бил трајно непристапен во Тајланд, се основа вебсајтот Таи Кејблс за да се продолжи со снабдување релевантни информации во врска со документите на Викиликс.

Не веруваме во цензура и мислиме дека сите во Тајланд треба да добие пристап до секоја информација достапна на интернет, вклучувајќи го и Викиликс. Ова е причината за овој блог.

Колку телеграми се очекува да бидат објавени од Викиликс

Вкупно 2958 (други извори изјавуваат 3516) телеграми пратени од Амбасадата на САД во Бангкок ќе бидат објавени. За време на периодот од 1989 до 2004 година ќе бидат објавени само 7 телеграми, бројот неизмерно се зголемува во 2005 година. До крајот на февруари 2010 година, просечно 580 Телеграми се пратени секоја година што значи 1 до 2 телеграми дневно.

Тие покриваат широк опсег на теми од контрола на оружјето и разоружување на бегалците и проблемите за човекови права, демократизацијата, трговијата со луѓе, нуклеарните проблеми, тероризмот и воените операции, надворешната трговија, владини работи, поврзаност помеѓу Саудиска Арабија и Тајланд, странски инвестиции, права на интелектуална сопственост па дури и премиерот и Таи Рак Таи. Дури и телеграми кои зборуваат за воени злосторства, ззбори во Тајланд, разузнавачка служба, корупција, политички партии ќе бидат објавени.

Мјузинг од Тајланд ја објави изјавата на американскиот амбасадор во заминување, Ерик Џон во врска со Викиликс.

Не можам да гарантирам за автентичноста на кој било од овие документи. Но, можам да кажам дека САД длабоко жали за обелоденувањето на секоја информација која требало да биде доверлива. И ние ги осудуваме. Дипломатите мораат да се впуштат во искрени дискусии со своите колеги и мораат да се осигураат дека овие дискусии ќе останат приватни.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.