Кариби: Дефинирање на моменти од 2010г

Многу важни настани се случија на Карибите кои ја одбележаа оваа година, предизвикувајќи реакции од регионалната блогосфера – од студентските протести во Универзитетот во Порто Рико до ослободувањето на кубанските политички затвореници. Можеби најтрогателното од сите овие беше катастрофалниот земјотрес во Хаити. Повеќето блогери сè уште очекуваат новитети и свежи надежи за Новата година овој ужасен удар на 12ти јануари, кој поставува мрачен тон на месеците што доаѓаат. Еве неколку приказни кои ги избравме, што ја одбележаа карипската блогосфера во 2010та…

Земјотресот во Хаити
Одеднаш, неочекувано, незаборавно: Според Рихтеровата скала земјотресот од 7.3 , предизвика сериозни штети секаде каде што удри. Во Хаити, каде живее еден сиромашен островски народ со неадекватна инфраструктура и мнозинството од населението живее во суб-стандардни услови, ефектите од земјотресот беа катастрофални. Како што бројот на мртви се зголемуваше и државата остана блокирана,регионотсветот) и донираше помош на оваа држава. Блогерите очајно се надеваа дека спасувачките напори би биле успешни, дури во приказот на масивните пост-шокови; граѓанските медиуми го прифатија предизвикот, праќајќи корисни информации од прва рака.



Шаторски град, Жувант (Juvenat), од caribbeanfreephoto, Криејтив комонс лиценца .

Global Voices Online испрати тим во Хаити по земјотресот, пред сè да понуди поддршка за граѓанските медиуми, се додека сметавме дека е потребна вистинска потреба од засилување на гласот на Хаити кога станува збор за олеснување и напори за реконструкција. Нашиот управен директор, Џорџија Поплевел и поранешниот водач на тимот ГВ Лингва, Алис Бекер воспоставија контакт со жителите на Хаити користејќи ги алатките на граѓанските медиуми и идентификуваа други кои имаа потенцијал за да учествуваат во ова и да ги збогатат онлајн разговорите, давајќи ги вистинските ресурси, со цел да дојде до зголемување на активноста на локалните граѓански медиуми. Посетете ја нашата специјално посветена страна за различни перспективи на земјотресот и последователните напори за помош.

И како да не беа доволни деструктивните ефекти од земјотресот врз локалното снабдување со храна, хаитските фармери исто така требаа набрзина да се мобилизираат против Монсанто, компанија која произведува генетско модифицирано семе и сакаа да ја завршат работата преку „донација на општо познатата пченка и зеленчукови семиња на фармерите во Хаити, да се помогне да се зголеми производството на храна и долгорочно опоравување од земјотресот.”

Кон крајот на годината на обиди, земјата се соочи со исцрпувачка колера криза, засилена со ураган, и кога се дозна дека епидемијата на колера е донесена во земјата од (недобредојдените) ОН миротворци, се обидуваше да функционира најдобро што може за време на насилните протести.

Природни катастрофи и здравствени предизвици не беа единствените предизвици со кои што беа соочени островјаните. Нивната ужасна година ја достигна својата кулминација со одредувањето на државните контроверзни избори; блогерите сè уште се прашуваат за транспарентноста на процесот, дури и покрај тоа резултатите продолжуваат да бидат верифицирани.

Овие последователни ефекти од земјотресот на 12.01 без сомневање Хаити радо би ја заборавила 2010та, но реалноста е тоа дека други регионални територии беа исто така погодени од земјотресот. Доминиканската Република и Хаити делат ист остров, Хиспаниола (шпански: La Españolа). Бидејќи границите се течни и пропустливи, сè што влијае на една држава влијае и на другата на некој начин. Затоа, Домениканската Република исто така доживеа пост-ситуација од масивниот земјотрес кој што го погоди Хаити, кој зад себе остави најмалку 300 000 мртви и илјадници без покрив над глава и да живеат во екстремно ужасни услови.

Студентските протести во Порто Рико

Порто Рико се бореше со тешката економска криза во текот на 2010г. Очај и гнев предизвикаа конзервативните јавни,социјални и економски политики кои го одредија контекстот за студентскиот штрајк кој го парализираше главниот кампус на државниот универзитет во Порто Рико кој траеше 2 месеци започнувајќи од април 2010г. Студенти од сите кампуси на островот се приклучија на протестот против намалувањето на буџетот за образование и нивната мака катализира едно национално социјално движење.


Студенти протестираат на главниот кампус на УПР. Фотографија на Рикардо Алкараз од Диалого. Реобјавено под Криејтив комонс лиценца

Во декември 2010г., студенти од главниот кампус во Рио Пиедрас, Сан Хуан објавија втор штрајк, овој пат поконкретно против годишната партиципација од 800$. Владата нареди полицијата да ги окупира универзитетските кампуси кои водеа кон насилни конфронтации со студентите. За време на двата штрајка, студентите креативно ги користеа онлајн платформи, блогови и социјални мрежи и медиуми за себе си да се изразат.

Вонредна состојба во Јамајка

Очите на светот беа вперени во Јамајка при крајот на мај, кога конечно премиерот престана да бега од неминовното и и дозволи на барањето од САД за екстрадицијата на наводниот лек дон Кристофер „Дудус“ Кока-Кола да биде потпишана. Како што @anniepaul кажа:

Пактот помеѓу криминалците и државата беше уништен, ние ги покажавме последиците од тоа раздвојување…

Граѓанските медиуми направија одлична работа како сигурен извор на информации за време на немирите. Нашата Специјално посветена страна ги има сите детали.

Ослободувањето на кубанските политички затвореници

Во текот на изминатите неколку месеци, кубанската влада, како дел од договорот постигнат со посредство на шпанската влада и на Католичката црква, свесно ослободи неколку затвореници, но со безуспешен егзил во Шпанија. Потоа следеше смрт на штрајкувачот со глад Орландо Запато Тамајо, со што ситуацијата на островот стана уште потензична, со стегањето на блогерите и активистите од страна на кубанските власти за време на погребот на Тамајо.Уште тринаесет затвореници треба да се ослободат со договор; иако крајниот рок веќе заврши, блогерите сè уште ја набљудуваат ситуацијата од блиску.

Но ова не беше единствената приказна која дојде од Куба оваа година: набргу по признавањето на Фидел Кастро на известувачот (и подоцна ја повлече својата изјава) дека кубанскиот економски модел повеќе не функционира, владата го започна процесот на намалување на бројот на јавни работни места на 500 000 работни места, со напор да се реанимира економијата на островот.

Интересно, владата исто така објави дека оптичкиот оптички кабел за подморници кој што ги поврзува Венецуела, Куба и Јамајка ќе почне да функционира од јануари 2011г. Иако ова во голема мера ќе го зајакне квалитетот на интернет конекцијата, не значи дека тоа ќе доведе до поголем пристап.


Авионска несреќа во централна Куба

На 4ти ноември, 68 луѓе загинаа во авионска несреќа во авион на Аерокарибиан во централна Куба. Мрежите на социјалните медиуми одеднаш станаа една од главните канали за комуникација.

Тажни збогувања

Неколку регионални територии требаа да им кажат збогум на националните икони оваа година: Барбадос го изгуби релативно новиот и секако најмладиот премиер, Јамајка- како и светот – ја изгубија реге иконата Грегори „Кул Рулер“ Исак кој боледуваше од рак и Монсерат (и калипсо фановите насекаде) се збогуваа со Ероу, човекот кој го испеа хитот „ Хот, хот, хот“.

Во другите музички вести, реге ѕвездата Бују Бантон беше редовно тема на дискусии во регионалната блогосфера, откако беше пред судот во САД да се брани себе си против обвинението за трговија со дрога. Откако судијата неговиот случај го прогласи за поништен, во Септември пејачот требаше повторно да помине низ овој процес со ново судење на почетокот од новата година.

Сезона на урагани

Сезоната на урагани во 2010та започна рано, со ураганот Ерл, кој беше проследен со Игор и на крај Томас, и бурата која изгледа направи најголема штета. Кога соседните народи молеа за нивна поддршка по ураганот, новоизбраната (и прва жена) премиерка на Тринидад и Тобаго се најде под оган по нејзината изјава дека било кое ослободување од помош во долари на островот-близнак зависат од реципрочна економска добивка. Нејзините зборови беа протолкувани како нечувствителни и доведе до онлајн бојкот на производите од Тринидад и Тобаго во регионот.

Од природни катастрофи до политички расправи, 2010та беше зафатена година- и како што се наближува 2011та, карипскиот тим на Глобал Воисес ќе продолжи со надгледување на регионалната блогосфера во тековниот напор за олеснување на значајните разговори и разбирање низ Карипскиот архипелаг.

Firuzeh Shokooh Valle придонесе за оваа објава.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.