Последни написи од Филип Стојановски
17 мај 2012
Естонија
Сандра Јурс блогираше на естонски јазик за нејзиното учество на Скопскиот маратон/полумаратон на 6 мај 2012 г.
8 мај 2012
Македонија
Блогот Гринбокс извести дека Зелената коалиција и НВО Ленка ќе одржат протест пред судот во Велес на 9 мај 2012 година во 11:30 ч. пред почетокот на судењето на екологистот Игор Смилев, кој е обвинет за загрозување на безбедноста, клевета, навреда и др. од директорот на Метрудхем, корпорација која намерава да ја рестартира локалната топилница за олово и цинк. Ленка исто така објавија правна аргументација со која се отфрлаат обвинувањата, врз основа на правата на активистот опфатени со меѓународни конвенции, Уставот и законите на РМ.
2 мај 2012
Водич на Глобал војсис за конференцијата re:publica 2012 во Берлин
Во текот на оваа недела (2-3 мај 2012 г.) илјадници умови ќе се состанат во Берлин на годишниот собир наменет за размена на знаења и идеи наречен re:publica. Низа членови на заедницата на Глобал војсис ќе учествуваат во над програмата која опфаќа над 200 часа предавања и дискусии.
19 април 2012
Македонија
Блогот Гринбокс извести дека Тони Димитриевски, директорот на Метрудхем, корпорацијата што намерава да ја рестартира топилницата за олово во градот Велес, поднел тужба против еколошкиот активист Игор Смилев за „загрозување на сигурноста“, „неовластено снимање“, „клевета“ и „навреда“, барајќи отштета од 20.000 евра. До сега, само една политичка партија, ДОМ, која е членка на владеачката коалиција, протестираше против оваа „неморална“ форма на притисок. Пред преминувањето во приватниот сектор, г. Димитриевски служел како раководител на УЈП и бил назначен за директор на државниот Тутунски комбинат во Прилеп.
6 април 2012
Алжир
Блогот на туарешкото движење Темус Сурви објави пост (на француски) што обезбедува кусо претставување на туарешката култура: „Ние сме номадски народ што живее од земјоделство и трговија. Се проценува дека има 1,5 милиони Туарези во регионот што се протега низ Мали, Нигер, Алжир, како и во Либија, Буркина Фасо и Мавританија. Заедничкиот јазик тамашек е сроден со берберскиот. Покрај населението на Етиопија, Туарезите се еден од ретките африкански народи со свое писмо. Карактеристика на туарешката облека е превезот со боја на индиго поради кој го добиле прекарот „луѓе во сино“ (или „сини луѓе“ - прим. прев.).
1 април 2012
Бугарија
По објавата дека на познатиот бугарски фудбалер Стилијан Петров (игра за англискиот тим Астон Вила и е тековен капитен на бугарската репрезентација) му бил дијагностицирана акутна леукемија, корисниците на Интернет создадоа група на Фејсбук (на бугарски) за да искажат морална поддршка: „Ќе победиш, капитену, целата земја е со тебе“ пишува на банерот. Групата собра повеќе од 14.000 „лајкови“ во неколкуте часови по основањето, како и многубројни охрабрувачки пораки.
Македонија, Казахстан: Триумфални капии за прослава на 20 години независност
Водачите на две бивши социјалистички земји имаат одбрано градење ист вид архитектонски дела - триумфални капии - со цел одбележување на двете децении на одвојувањето на нивните држави од поголеми федерации. Филип Стојановски известува како скопската капија, наречена Порта Македонија, ја гледаат нетизените.
30 март 2012
Македонија
Во живо.мк е нов сервис наменет за пренесување видео-стримови и снимки на настани од граѓанското општество од Македонија. Првиот настан кој ќе биде покриен е јавната дебата на тема „Какви научни истражувања и настава овозможува новиот Закон за високо образование?“ закажана за петок, 30 март во ГЕМ-клубот во Скопје.
28 март 2012
Македонија
Јасна Котеска објави (на англиски) анализа на импликациите на проектот Скопје 2014 од гледна точка на концептите развиени од водечките современи филозофи и мислители. Текстот е информативен и читлив, полн со сочни детали за користењето на историјата во формирање нова националистичка идеологија.






























RSS feed за Филип Стојановски





Внукот исто така пиша за неговото учество на Полумаратонот, вклучувајќи и видео-клип.