The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

Кире Димиќ Профил на преведувачот

RSS feed за Кире Димиќ

2008-05-16

Македонија: Блогерите ја нагласуваат потребата за отворена комуникација со ГрцијаThis is a Видео post

Во екот на внатрешните превирања предизвикани од грчката кампања за блокирање на пристапувањето на Македонија кон НАТО и Европската унија, и сè поголемиот број на извештаи за напади врз македонските камионџии (официјална реакција) од националистички толпи во Грција, многу македонски блогери се обидуваат да го премостат јазот на глупоста меѓу ...

2008-05-14

Индија: Експлозии во Џајпур, тероризмот и Владата

Серија експлозии го потресоа Џајпур на 13-ти мај. Според извештаите, има повеќе од шеесет жртви и 150 повредени. МајЗоун пишува за Џајпур, кој беше релативно мирен град, како и за општата паника која ја предизвикаа експлозиите. Неверувањето се претвори во шок кога во рок од петнаесетина минути двете експлозии станаа пет, ...

2008-05-12

Денот Пангеа: Светски настанThis is a Видео post

Прочитај Денот Пангеа беше организиран во саботата и луѓе од различни краишта на светот се собраа да гледаат филмови и да бидат дел од светскиот настан на кој филмовите, говорниците и музиката ни покажаа нешто повеќе од животот на другата страна од земјината топка, обединувајќи луѓе од сите области на животот ...

2008-05-09

Русија: Некаков Марш

Руската опозиција требаше да одржи протестен собир на 6 мај во Москва, на вечерта на инаугурацијата на Дмитри Медведев кој ќе го замени Владимир Путин на претседателското место, но градските службеници не го дозволија тоа – па водачите на опозициската коалиција, Другата Русија, на крајот го откажаа Маршот на дисидентите ...

2008-05-05

Блогер на неделата: Лаура Видал

Прочитај Проектот Лингва, освен што претставува извор на вредни информации од заедницата Глобал Војсис онлајн на повеќе од дванаесет јазици, исто така привлекува талентирани преведувачи од целиот свет. Додека заедницата сè повеќе се зближува, расте и потенцијалот за поврзување меѓу нејзините членови. Еден од преведувачите на проектот Лингва од Глобал војсис ...

2008-04-29

Либан: Паркинг служба

Паркинг службата обезбедува луксузна услуга и ВИП третман за клиентите. Но тоа не е повеќе така во Либан, каде што тоа стана толку раширена пракса па сега е присутно дури и во киосците за брза храна и саемите за вработување на кои одат млади невработени луѓе, кои бараат работа. Муса ...

2008-04-21

Дамаск: Уништувањето на Стариот градThis is a Слики post

Прочитај Дамаск се гордее со тоа што е најстариот постојано населен град во светот. Историјата на Дамаск датира од 8000 г.п.н.е. Во секој агол на неговите антички улички се чувствуваат разните историски ери. Градот кој издржа сè, од земјотреси до инвазии, речиси десет милениуми, сега е под закана на „модернизмот“! Саса од ...

2008-04-17

Таџикистан: Неправична распределба на богатството

Речиси е невозможно да се има профитабилен бизнис во Таџикистан доколку се придржувате кон сите правила и прописи утврдени од државата. Луѓето огорчено се шегуваат дека најлесниот начин да се стане богат човек е да се стане владино лице или лице блиско до владата. Можеби тоа е вистина, бидејќи ви ...

2008-04-11

Видео на Фликр: Јаболко на раздоротThis is a Видео post

Прочитај Седумнаесет часа по нејзиното создавање, Фликр групата „БЕЗ ВИДЕО НА ФЛИКР!!!“ веќе има повеќе од 5475 членови и 670 ставки. Она што е уште повеќе зачудувачки е што друга група, „Им велиме НЕ на видеозаписите на Фликр“, создадена два часа подоцна, има двојно повеќе членови од претходната група, а двете ...

2008-04-09

Авганистан: Прва блогерска работилница во Кабул

Прочитај Авганистанската асоцијација на блогери (Авган Пенлог) ги надмина финансиските тешкотии и пречки од типот на прекините на струја и ја организираше првата блогерска работилница во својата историја. Работилницата се одржа во Кабул на 3-4 април, во соработка со Насим Фекрат и Масуме Ебрахими, двајца активни авганистански блогери.