The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

Кире Димиќ Профил на преведувачот

RSS feed за Кире Димиќ

Кратко портрет на преведувачот

За Кире Димиќ

30 постови ·

зачленет на 2008-02-26

Имејл до Кире Димиќ
Погледни ги сите преведувачи »

2008-03-20

Јордан: Затвор за пет јордански новинари

Пет јордански новинари беа осудени на три месеци затвор, во два посебни случаи, поради кршење на законот во нивната земја. Јорданските блогери се изјаснуваат против овој последен напад на слободата на изразувањето.

2008-03-18

Авганистан: Денот на жената во земјата на немирите

Осми март е меѓународниот ден на жената, глобалното славење на неопеаните херои благодарение на кои функционира општеството. Авганистанските блогери забележаа дека се одвива битка за права на жените, но долгата битка тие всушност ја сместија во еден историски контекст. Мохамед Каири се жали: Во мојата земја, Авганистан, жените отсекогаш марширале и протестирале ...

2008-03-14

Судан: Дефиниција за блогерите и отворено писмо до претседателот

Бидејќи ова е уште еден преглед на суданските блогови, најсоодветно е да наведеме дефиниција за тоа што претставува блогерот, искажано преку слика Дефиницијата за блогер...или поконкретно, политички блогер, особено во нашиот супер демократски дел од светот: Кога веќе зборуваме за блогирањето, Суданскиот повратник конечно му се врати на пишувањето блогови по тримесечното ...

2008-03-13

Video HUB: Заштита на правата на жените - активисти во светотВидео post

Бета верзијата на The HUB од веб-сајтот Witness нуди три видеозаписи снимени на настанот „Човекови права за жените; Човекови права за сите“, на кој три решителни жени кои ги бранат правата на останатите жени говорат за Меѓународната кампања за заштитници на човековите права на жените. Од веб-сајтот на кампањата: Меѓународната кампања за ...

2008-03-05

Ерменија: Самиздат & интернет

По 20-дневната вонредна состојба која беше прогласена во Ерменија кога избија судирите помеѓу безбедносните служби и приврзаниците на поранешниот претседател, Левон Тер-Петросијан на улиците на главниот град по оспорените претседателски избори на 19 февруари, пристапот до медиумите беше во голем степен ограничен. Според претседателскиот декрет, локалните медиуми сега може да ...

2008-02-07

Различни гледишта за реизборот на Борис Тадиќ

Демократијата положи уште еден тежок испит во Србија, осум години по падот на режимот на Слободан Милошевиќ: сегашниот претседател Борис Тадиќ беше реизбран на 3 февруари, добивајќи 50.5 проценти од гласовите наспроти 47.9 проценти на Томислав Николиќ. Претходниот напис на Глобал војсес околу исходот од изборите се однесуваше на реакциите на англофонските српски блогери. Подолу има превод од српски јазик на уште два написи, и двата објавени на блог порталот на Б92.

2008-02-06

Србија: Претседателот Тадиќ повторно избран

Подолу се наведени неколку размислувања на англофонски блогери околу исходот од претседателските избори во Србија. Ерик Горди од Источна Етнија ја започна неговата анализа за OpenDemocracy.net со ова резиме: Неубедливиот резултат од првиот круг на претседателските избори во Србија одржан на 20 јануари 2008 г. резултираше со втор круг во недела 3-ти ...

2008-02-01

Србија: Рај за пушачите

Србија го одбележа Националниот ден на борбата против пушењето на 31-ви јануари, меѓутоа, како што забележа еден српски блогер: „Србија е рај и Ел Дорадо за пушачите.“

2008-01-24

Украина: Порозна граница

Во вторникот, украинскиот новински веб-сајт Korrespondent.net објави превод на неодамнешната сторија на Марк Франшети во Сандеј Тајмс за Украинските порозни граници и нелегалната миграција. „Британија е цел на Украинскиот шверц со луѓе“ вели насловот на написот. „Бидејќи повеќето гранични контроли во Источна Европа повеќе ги нема, шверцот на луѓе стана лесен ...

2008-01-04

Глобал Војсис: Преглед на 2007, и големи планови за 2008

Никој не можеше да предвиди дека еден напис за кинеските одгледувачи на мравки ќе стане најчитаната сторија на Глобал Војсис за 2007 година. Врвни приказни на овој веб-сајт најчесто беа оние во кои што локалните блогери претставуваа важен извор на информации за меѓународните медиуми (и демократски активисти), како на пр. протестите ...