Below are posts about citizen media in English. Don't miss Global Voices, where Global Voices posts are translated into English! Read about our Lingua project to learn more about how Global Voices content is being translated into other languages.

Написи за англиски

Колебливоста за вакцинирање ја врати големата кашлица во Северна Македонија

Медицинските експерти бараат да се прогласи епидемија на голема кашлица во Северна Македонија, откако меѓу 1 јануари и 14 февруари Институтот за јавно здравје регистрираше 28 нови случаи, претежно невакцинирани бебиња.

Младите се критичен глас во справувањето со безбедносни предизвици

„Она што е важно според мене, кога зборуваме за дезинформациите, е решавањето на структурните проблеми, како што е медиумската писменост, бидејќи Западен Балкан има едно од најниските нивоа на медиумска писменост во Европа.“

Иднината на масовниот надзор во Србија?

По реакциите на организациите на граѓанско општество и меѓународната заедница, српската влада по втор пат го повлече од процедура нацрт законот за полиција кој овозможува нарушувања на приватноста.

Хрватските граѓани и бизниси искажуваат поддршка за Украина на различни начини

Присутните вееја украински и хрватски знамиња и извикуваа слогани. Дел од паролите вклучуваа и фотографии, со кои ситуацијата во Донбас денес се споредуваше со последиците од опсадата и бомбардирањето на хрватскиот град Вуковар во 1991 година.

Росана Алексоска: Руското влијание особено се провлекува во клучни периоди и настани за Северна Македонија

„Она што е зачудувачки е што одредени структури во општеството сè уште се однесуваат како Северна Македонија да не е членка на НАТО, иако од нејзиниот прием во НАТО скоро ќе изминат две години.“

Русија го блокира пристапот до веб-сајтот на разгледувачот Тор

Офанзивата за поголема цензура на интернет е дел од руската државна стратегија за „суверен интернет“ чија цел е цементирање на централизирана државна контрола врз интернет-инфраструктурата и онлајн просторот.

Потребни ни се сензори за безболно мерење на гликемијата, вели Миа Чичкариќ 16-годишна средношколка со дијабетес

„Ова нека биде апел до надлежните во Министерството за здравство, сериозно да ја сфатат нашата потреба од сензорите за безболно мерење гликемија и што поскоро да ги обезбедат за сите нас...“

Преку прибирање знаења, група волонтери поттикнуваат развој на македонската музичка индустрија

Васил Буралиев, основачот на најголемата јавно достапна непрофитна база на податоци за македонска музика, зборува за предизвиците на дигиталниот активизам на полето на културата.

Важноста на „одучување“ на минатото: Интервју со експертот за Балканот Кит Браун

„Критичкото мислење (...) нè ослободува од илузијата дека личностите од минатото го замислувале својот сопствен идентитет во рамките на национализмите од нивната иднина.“

За нашето покривање на англиски

en