The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

македонски Архива на јазици

RSS feed за македонски

2009-09-07

Македонија, Бугарија: Денови на жалост по охридскиот бродолом

Македонската Влада го прогласи 6 септември за Ден на жалост по повод трагичната бродска несреќа на Охридското Езеро во која животот го изгубија 15 луѓе, туристи од Бугарија. Уредникот на македонската блог-платформа Блогерај ги сумираше реакциите на нејзини корисници: Потона бродот ИЛИНДЕН на Охридската цивилна пловидба. Бродот сообраќал помеѓу Охрид и ...

2009-05-17

Источна и Централна Европа ,
Западна Европа

Волан објави фото и видео сторија за Француските гробишта во Скопје, на кои се закопани посмртните останки на 2930 војници од Франција и нејзините колонии, меѓу кои Мароко и Сенегал, кои паднале во текот на Првата светска војна на Македонскиот фронт, познат и како Солунски фронт (1915-1918). Местото претставува историска и архитектонска знаменитост од која е овозможен прекрасен поглед на стариот дел на градот.

2009-04-28

Македонија: Прославата на Сакура станува традиција

Оваа година прославата на Сакура, односно цветањето на црешите, во Скопје се одржа подоцна од вообичаеното бидејќи организаторите не сакаа да се поклопи со прославите на католичкиот и православниот Велигден.

2009-04-09

Фејсбук го отстранил личниот профил на Министерство за внатрешни работи на Република Македонија

На 8 април 2009 година македонскиот портал IT.com.mk извести дека Фејсбук донел решение да го укине личниот профил на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (МВР) поради нарушување на правилата за користење на сервисот. Наводно, меѓу причините за укинувањето било тоа што профилите како форма за комуникација се наменети само ...

2009-01-21

Балкан: „Чија е оваа песна?“Видео post

Неодамна неколку македонски блогери го објавија документарецот „Чија е оваа песна?“ на бугарскиот режисер Адела Пеева и започнаа да дискутираат за приказната. Документарецот е снимен од идеја која режисерот ја добил за време на една вечера во Истанбул со неколку свои пријатели (Македонец, Србин, Грк и Турчин), кога секој од ...

2009-01-13

Источна и Централна Европа

Јас, Македонец во еден свој пост ја вметна македонската онлајн игра „Удри ги копуците“ и напиша „Верувам дека ќе биде вистински хит во Македонија, а и во целиов регион“. Играта им овозможува на играчите да удираат неколку политичари со патлиџани, јајца и торти. Играта исто така е објавена на грчкиот Политички блог.

2008-12-26

Македонија - вечнаВидео post

На 24 декември, 2008 се случи претставувањето на промоционалниот спот за Македонија – „Македонија вечна (Macedonia Timeless)“. Видеото е во сценарио и режија на Милчо Манчевски и негова цел е да го промовира туризмот во Македонија. Видеото ќе биде прикажувано на CNN и неколку други земји на осум различни јазици. Исто ...

2008-11-03

Македонија: Користете го Фејсбук ако сакате да флертувате со политичарите

Во националниот весник „Вест“ на насловната страница беше објавен напис „Флертувајте со политичарите на интернет“, во кој се вели дека доколку граѓаните на Македонија сакаат да разговараат со политичарите тоа може да го направат само преку некоја од социјалните мрежи: Ако македонските политичари не можете да ги најдете во нивните канцеларии, ...