The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

Кибер-активизам Архива на теми

RSS feed за Кибер-активизам

2009-08-10

Грузија, Русија: Кибер напад врз блогерот „Cyxymu“

Пред една година, Руско-Грузиската војна се совпадна со Олимписките игри 2008 во Пекинг, одвлекувајќи дел од вниманието на јавноста од мирниот спортски настан. Оваа недела, кибер напади на LiveJournal, Twitter и Facebook, насочени кон LJ/Twitter/Facebook корисникот cyxymu од Тбилиси, додадоа поголема димензија кон известувањето за првата годишнина од ...

2009-07-27

Граѓаните од целиот свет на протест за ИранВидео post

Во саботата, на 26 јули 2009 Ирачаните, но и други нации се одзваа на иницијативата на  United4Iran (Обединти за Иран) преку учеството во настанот за поддршка на иранската борба за слобода и човекови права. Преносот од овие настани вклучува и бројни видеа од граѓаните и фотографии. Хамбург/Германија: Вашингтон/САД Лондон/Велика Британија Протест пред амбасадата на Исламската ...

2009-07-24

Бразил: „Претседателот Лула е гик“

Питер Сунд и Лула на Интернационалниот форум за слободен софтвер. Фотографија од Мариел Засо. Фотографија од бразилскиот претседател Лула да Силва и претставникот на Pirate Bay, Питер Сунд постојано се шири низ блогосферата, заедно со видео, во кое за првпат претседателот јавно го критикува Законот за дигитални прекршоци. Иницијално предложен ...

2009-07-21

Египетската жена и свеж поглед на разводот

Разводот секогаш претставувал срам во египетското општество. Денес, и овде дува ветерот на промената.Во овој пост Марва Ракха ја следи конверзацијата на египетските блогови која покажувашто е направено за да се исправи погрешната ситуација.

2009-07-20

Азербејџан: Видео кампања за ослободување на притворените активистиВидео post

Неодамнешното притворање на двајцата кибер активисти и младински лидери во Азербејџан минатата недела предизвика вџашеност кај блогерите и активистите во и надвор од Азербејџан, па сега се покрена видео кампања со цел да се повика азербејџанската влада да ги ослободи двајцата лидери на младинското движење: Аднан Хајизада и Емин Мили.

2009-07-19

Азербејџан: Граѓанските медиуми во одбрана на притворените активисти, блогери

Иако најмногу активност има на Фејсбук каде корисниците продолжуваат со најнови вести за случајот на видео блогерот Аднан Хајизаде и младинскиот активист Емин Мили,кои беа притворени минатата недела и осудени на истражен притвор од два месеци, помала активност евидлива и во конвенционалните медиуми, но ситуацијата се менува.Сепак, граѓанските медиуми остануваат главниот извор на информации.

Азербејџан: Активист, истакнат блогер во затвор после судење зад затворени вратиВидео post

За што и да беше првиот случај на истакнат блогер, напaданат и притворен во Јужен Кавказ, двајца активисти вчера беа затворени на два месеци во истражен затвор што многумина го сметаат за пародија на правдата.

2009-07-10

Мексико: Гласачите ги споделуваат своите поништени гласачки ливчиња на Twitter

Корисниците на Twitter од Мексико го покажаа своето незадоволство со политичкиот систем во земјата со приклучување во кампањата за поништување на гласачките ливчиња, спроведена за изборите на 5 јули.. Додека гласаа тие ги користеа своите мобилни телефони и фото-апарати во гласачките места за да ги фотографираат своите неважечки гласови ...

2009-06-26

Иран: Неда станува симбол на демонстрантите

Иранското движење на протест сега има симбол и лице: Неда. Неда беше Иранка којашто беше застрелана од Басиџ полицијата во саботата за време на протест во којшто учествуваа илјадници против резултатите од претседателските избори одржани во Иран и коишто го прогласија Махмуд Ахмадинеџад за претседател. Нејзината смрт беше снимена на видео ...

2009-06-17

Иран: Уште граѓански видеа од протеститеВидео post

Повеќе од 100,000 луѓе маршираа во Техран во понеделникот во знак на поддршка на реформистичкиот претседателски кандидат, Мир Хусеин Мусави и неговите барања за поништување на резултатите од изборите кој го прогласија за извршител на должноста претседател Махмуд Амадинеџад како победник на изборите на 12ти јуни. Маршот заврши со крвопролевање. Најмалку 7 луѓе ги загубија животите.