Значајни стории за Катастрофи
Индонезија: Силен земјотрес ја погоди западна Суматра
Силен земјотрес го погоди Паданг, западна Суматра, во средата во 17.00 часот по локално време.
Видео клип е објавен на YouTube од корисник од Паданг:
Подморскиот земјотрес со јачина од 7.6 по Рихтеровата скала причини големи оштетувања на зградите и жртви претежно околу Париаман крајбрежен дел на Паданг.
Меѓународно предупредување за цунами беше ...
2009-11-18
Справувањето со кризи и улогата на ИКТ
Што е справување со кризи? Кои се различните фази што ги вклучува? Терминологијата може да се разликува во зависност од тоа каде се наоѓате. Во Нов Зеланд, на пример, станува збор за 4 термина, подготвеност, одговор, реконструкција и намалување. На други места, како Индија, тоа би можело да биде како ...
2009-09-29
Филипини: Најлошите поплави во последните 40 години
Повеќе од 50 лица загинаа откако тропската бура Ондои (меѓународно име: Кетсана) ја погоди Метро Манила и соседните провинции. Бурата ги предизвика најлошите поплави во државата во последните 40 години раселувајќи 280,000 луѓе во Манила и пет други провинции, со повеќе од 41,000 лица во 92 центри за евакуација. ...
2009-09-07
Македонија, Бугарија: Денови на жалост по охридскиот бродолом
Македонската Влада го прогласи 6 септември за Ден на жалост по повод трагичната бродска несреќа на Охридското Езеро во која животот го изгубија 15 луѓе, туристи од Бугарија. Уредникот на македонската блог-платформа Блогерај ги сумираше реакциите на нејзини корисници:
Потона бродот ИЛИНДЕН на Охридската цивилна пловидба. Бродот сообраќал помеѓу Охрид и ...
2009-06-08
Кина: Кампања од граѓаните за откривање на починатите од земјотресот во Сичуан
来的高举冲锋枪的警察高喊“把手举起来,原地不要动”这个只有大片中才有的场景让我有些不知所措
Полицијата брзо излезе од колата со пушка во раката и повика кон мене 'горе рацете, стој!'. Тоа беше сцена толку неверојатна што таква сум видел само во американски блокбастери.
На неговито блог, Ли Пеифенг се присеќава на својата средба со полицијата во Сичуан. Немаше шверц, немаше кражба, се што имаше направено ...
2009-05-31
Хондурас: Силен земјотрес ја потресе земјата
Во раните утрински часови на 28ми Мај Хондурас го пробуди земјотрес кој со јачина од 7.1 степени спрема Рихтерова скала ја потресе земјата. Потврдени беа 5 жртви, повеке повредени, и полека се согледуваа штетите на земјината инфраструктура вклучувајќи згради мостови и патишта. Микроблогинг платформите како Blipea иTwitter беа меѓу првите кои известија за земјотресот преку корисниците од San Pedro Sula, Tegucigalpa и La Ceiba. Сепак некој не беа во можност поради прекините на електричната енергија и интернет низ поголемиот дел од земјата.
2009-05-30
Циклонот Наргис во Мианмар: Година потоа
Смртоносен циклон удри во јужната Мианмарска делта Иравади во Мај 2008 од кој беа зафатени повеќе од 2 милиони луѓе. Проценето беше дека 138,000 луѓе загинаа и 200,000 луѓе беа исчезнати после ударот на циклонот. Сега, една година после трагедијата од циклонот Наргис, преживеаните се уште страдаат додека обидите за обнова остануваат неадекватни. Се уште се потребни донатори со цел да им се помогне на преживеаните од циклонот.
2009-05-27
Случаи на грип А (H1N1) во Југоисточна Азија
Неколку земји во Југоисточна Азија потврдија дека тестовите направени на неколку граѓани за грипот А (H1N1) излегоа позитивни. Регионот не е повеќе место каде што нема свински грип.
По вестите за случајот на свински грип во Малезија, Нураина А. Самад се плаши од најлошото:
Знаеме дека има патници од двата лета ...
2009-05-16
Југоисточна Азија: Рeакции за H1N1 вирусот
Пред некое време годинава, пишував за стравот од вирусот кој што се рашири во регионот на Југоисточна Азија. Во многу земји во регионот регистриран е пораст на случаите предизвикани од вируси на заразна тропска треска, чикунгуња, птичји грип и ебола. Ова е друга закана во регионот: вирусот H1N1 (претходно познат ...






