2009-05-16
САД: Воведни разговори за сексуалното и репродуктивното здравје
Planned Parenthood, непрофитна организација што обезбедува бесплатни и евтини услуги во областа на сексуалното здравје на млади мажи и жени во САД и во странство, отпочна кампања на YouTube. Организацијата ги охрабрува луѓето да ги споделуваат чувствата и искуства додека се тестираат за сексуално преносливи болести, да ги едуцираат нивните ...
2009-05-13
Кина: Ланец на малолетна проституција предизвика јавен бес
Тинејџерки од средно училиште, па дури и од основно училиште, биле придобиени или со закана претворени во проститутки кои ги услужувале локалните државни службеници и наставници. Разоткривањето на целокупниот ланец на проституција во Xishui, Gizhou открива слика на морална и административна дегенерација во кинескиот град.
2009-05-07
Bubisher: Автобус со книги за децата во Западна Сахара
Bubisher: „Книги за децата од бегалските кампови во Западна Сахара“
Bubisher значи „птица што носи добри вести“. Според Roge Blog тоа исто така е и името на поетската книга Saharui. Но, за стотиците деца кои живеат во бегалските кампови во западна Сахара, тоа е името на автобусот полн со книги, објаснува ...
2009-04-23
Македонија: Александар Велики како медиумска мамка
Во последните неколку години, македонските традиционални медиуми неуморно ги промовираат најразличните тврдења и настани поврзани со Александар Велики за кои проценуваат дека се „позитивни“ во однос на одобрување од јавноста и привлекуваче читатели или гледачи. Двата најнови примери укажуваат дека оваа тенденција станува сè побизарна.
2009-03-24
Јапонија: Уметноста во ерата на дигитална репродукција
Помеѓу корисниците на сервисот за социјално обележување на сајтови Хатена произлезе крос-генерациска дебата за вредноста на уметност и културата општо. Дебатата започна од анонимен пост насловен: хм… Нели е чудна идејата дека ние мора да плаќаме за музика?, кој натера многу блогери да се запрашаат за потребата да се плаќа за нешто што се смета за уметнички продукт (песна, слика, видео итн.), особено сега кога бесплатните сервиси како Youtube или јапонскиот Niko Niko Dōga се достапни.
2009-03-10
2009-02-12
За Валентајн научи некој што го сакаш да блогира (или микро-блогира)
Денот на вљубените (14 февруари) е ден за љубов, пријателство и дружење. Дали постои подобар начин да се одбележи пригодата од тоа да научите некој што го сакате да блогира или микро-блогира?
Доколку придонесувате за Глобал Војсис или сте негов читател, знаете дека блогирањето носи радост, среќа и многу нови пријатели. ...
2009-02-03
Видео: Влогирање за слепите
Исландски знак кој предупредува за присуство на глуви и слепи луѓе на патот од sillygwailo
Никомедес Флорес од блогирачкото движење Voces Bolivianas (Гласови од Боливија) во Боливија објаснува како слободниот софтвер, кој е создаден за луѓето кои имаат проблеми со видот, му помага да комуницира онлајн преку чат, имејл и блогирање. ...
2009-01-09
Блогирање на сонот: Сон за блогирање
Фондацијата Оризонтури и Кампулунг Молдовенец од Романија им помагаат на луѓето со ментална хендикепираност уште од 1995 година. Нивната иницијатива за проект за граѓански медиум „Блогирање на сонот“, со помош на грант од Rising Voices креираше клуб за блогирање за корисници со ментален хендикеп. Во клубот тие се обучуваат како ...
2008-12-09








