2009-08-25
Иран: Сведоштва од малтретирање и силување
Иранските власти беа обвинети од опозицијата и од експерите на ОН за малтретирање на затворениците кои протестираа против резултатите од претседателските избори од 12 јуни. Мехди Каруби, водач на опозицијата и поранешен спикер на иранскиот парламент, тврди дека притворените мажи и жени биле силувани во затворите „ Евин“ и „Кахризак“ ...
2009-08-20
2009-08-11
Југоисточна Азија: Интернетот и национализмот
Интернетот се повеќе го користат многу луѓе од Југоисточна Азија за најразлични националистички кампањи. Овој тренд е позитивен затоа што сега за сега го проширува и подобрува политичкото учество на обичните граѓани. Меѓутоа, постојат ултра-националистички онлајн иницијативи кои го спречуваат создавањето на регионална солидарност во Југоисточна Азија.
2009-08-10
Грузија, Русија: Кибер напад врз блогерот „Cyxymu“
Пред една година, Руско-Грузиската војна се совпадна со Олимписките игри 2008 во Пекинг, одвлекувајќи дел од вниманието на јавноста од мирниот спортски настан. Оваа недела, кибер напади на LiveJournal, Twitter и Facebook, насочени кон LJ/Twitter/Facebook корисникот cyxymu од Тбилиси, додадоа поголема димензија кон известувањето за првата годишнина од ...
2009-07-25
Русија: Каналот „2×2“ ја цензурирал епизодата на South Park со Путин
Неодамнешната одлука на рускиот телевизиски канал „2×2“ да исече сцена од епизодата на американската цртана серија „South Park“ предизвика лутина кај руската блогосфера. Епизодата Free Willzyx (Ослободете го Вилзиак), која веќе се емитуваше, го исмејува Владимир Путин и го прикажува како алчен и очаен диктатор. Кога Кајл, еден од ...
2009-07-24
Бразил: „Претседателот Лула е гик“
Питер Сунд и Лула на Интернационалниот форум за слободен софтвер. Фотографија од Мариел Засо.
Фотографија од бразилскиот претседател Лула да Силва и претставникот на Pirate Bay, Питер Сунд постојано се шири низ блогосферата, заедно со видео, во кое за првпат претседателот јавно го критикува Законот за дигитални прекршоци. Иницијално предложен ...
2009-07-20
Азербејџан: Видео кампања за ослободување на притворените активисти
Неодамнешното притворање на двајцата кибер активисти и младински лидери во Азербејџан минатата недела предизвика вџашеност кај блогерите и активистите во и надвор од Азербејџан, па сега се покрена видео кампања со цел да се повика азербејџанската влада да ги ослободи двајцата лидери на младинското движење: Аднан Хајизада и Емин Мили.
2009-07-19
Азербејџан: Граѓанските медиуми во одбрана на притворените активисти, блогери
Иако најмногу активност има на Фејсбук каде корисниците продолжуваат со најнови вести за случајот на видео блогерот Аднан Хајизаде и младинскиот активист Емин Мили,кои беа притворени минатата недела и осудени на истражен притвор од два месеци, помала активност евидлива и во конвенционалните медиуми, но ситуацијата се менува.Сепак, граѓанските медиуми остануваат главниот извор на информации.
2009-07-13
Египетска жена убиена во германски суд поради тоа што носела вел
Египетските блогери ги здружија силите за да го осудат убиството на египетска жена која носела вел во германската судница. Марва Ел Шербини , 32, која во времето на убиствотот беше бремена беше избодена 18 пати од човекот кој таа го тужела поради тоа што тој ја навредувал затоа што носела Хијаб (исламски вел) откако судиите пресудиле во нејзина корист. Еве приказ на реакциите од Египет.
2009-06-26
Иран: Неда станува симбол на демонстрантите
Иранското движење на протест сега има симбол и лице: Неда.
Неда беше Иранка којашто беше застрелана од Басиџ полицијата во саботата за време на протест во којшто учествуваа илјадници против резултатите од претседателските избори одржани во Иран и коишто го прогласија Махмуд Ахмадинеџад за претседател. Нејзината смрт беше снимена на видео ...





