2008-09-15
Неколку малависки новинари им се приклучија на многу други во тридневната конференција Автопат Африка на Родес Универзитетот во Јужна Африка, со тема Граѓанско новинарство: Новинарство за граѓани. Конференцијата, која е најголемиот годишен собир на африканските новинари (присуствуваа повеќе од 700), се фокусираше на новите медиуми и исто така е и ...
2008-09-14
Црна Гора: Регистрирање .ME домен
Најголема вест во 2008 во светот на домените беше дека некој ден нема да ни требаат домени од највисоко ниво на начинот на кој ги користиме сега. На пример, наместо да ја посетите адресата http://www.globalvoicesonline.com, може да ја користите само http://globalvoicesonline. Секако овој ден е далеку во иднината и нема ...
2008-09-02
Мексико маршира против насилство
Мексиканците, кои се заситени од зголеменото насилство и несигурноста со која се соочува нивната земја во изминатата година, како што беше споменато во изминатиот напис во Глобал војсис, одлучија да имаат мирен марш и пеење на химната со запалени свеќи низ целата земја и во некои други локации како ...
2008-08-29
Русија, Грузија: Еднострано признавање на независноста на Абхазија и Јужна Осетија
Денес Русија формално ја призна независноста на Абхазија и Јужна Осетија. Подолу ќе најдете некои од првичните реакции од кириличниот сектор на ЛајвЏурнал (ЛЏ).
Рускиот корисник на ЛЏ шоладеми (Самсон Шоладеми) пишува (руски):
[…] Сега почнува најинтересниот дел… Линијата е помината, да речеме. Иако, во последните две недели откако започна војната во ...
2008-08-27
Иран: Скандал со министеровата фалсификувана диплома од Оксфорд
Aли Кордан, новиот ирански министер за внатрешни работи , неодамна беше во густо заради презентирањето на „фалсификат“ диплома од престижниот Оксфордски Универзитет во Велика Британија. Неколку веб-сајтови, вклучувајки го и конзервативниот Алеф го објавија скениран Кордановиот „Почесен докторат - Диплома по право“
Алеф посочува дека има неколку граматички грешки во таканаречениот ...
2008-08-25
Египет: Реакциите за пожарот во Парламентот
Реакциите на луѓето овде се навистина збунувачки ... хм ... и занимливи исто така. Добро, верувале или не, но некои луѓе беа навистина среќни што пожарот ја уништи египетската исконска Парламентарна зграда.
Зеинобиа опишува како се чувствуваа некои луѓе овде:
Тие се среќни, сериозно среќни на начин кој не можеш да ...
2008-08-22
Грузија, Русија: Храна за ограбувачите и за бегалците
Голем број жители на Тбилиси се собраа пред Руската амбасада во саботата за да протестираат против ограбувањето. Корисникот на Лајф Џурнал (ЛЏ) олег_панфилов објави слики и го напиша следново (рус) за иницијативата:
[…] Пред Руската амбасада во Тбилиси тие донесоа стари фрижидери, тоалетни шољи, ролни тоалетна хартија, пегли, шишиња вотка, вилушки ...
2008-08-15
Кина: Новинарот-граѓанин Зуола на Твитер го пренесува неговиот притвор
Кинескиот граѓанин-новинар Чоу „Зуола“ Шугуанг на Твитер го пренесуваше неговото притворање, кое се случи во средата попладне, по кинеско време.
(Во 17:15, Зуола беше пред неговиот компјутер; по се изгледа е ставен под некој вид на „градски притвор“. Новости подолу)
Зуола неодамна купи Блекбери 8320, за да му помогне со граѓанските известувања ...
2008-08-13
Кина: Лажирање на церемонијата за отворање на Олимпијадата, на која основа?
Лажна, хармонизирана, разубавена, баш кога сите се окупирани со Олимписките игри, се појавува веста дека два од најистакнатите делови од церемонијата за отворање не биле навистина како што изгледале: продукцијата за телевизиска верзија од огнометот кој се простираше од плоштадот Тиананмен до Птичјото гнездо, започнала пред една година ...
Kувајт: Ослободете го Хусеин Ал Фудалах, веднаш!
На 7ми jули, Кувајтиецот Хусеин Ал Фудалах го напушти својот дом за да оди на риболов и не беше виден никогаш повеќе. Неколку дена подоцна неговото семејство доби вест дека тој е задржан во соседен Иран. Кувајтскиот амбасадор во Техеран ги увери дека тој е добро и ќе биде ослободен ...




