The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

Историја Архива на теми

RSS feed за Историја

2008-12-28

Источна и Централна Европа ,
Западна Европа

На почетокот на овој месец Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во Хелсинки го изјави следново: „ Македонија ги исполни критериумите, но ќе се приклучи кон НАТО кога тоа ќе биде можно на достоинствен начин.“ Кажи: Македонија коментира: „Оваа изјава го рефлектира јавното мислење во Македонија и илустрира колку е важно за нас Македонците да бидеме признаени под единственото прифатливо име за нас: Македонија и етничка група: Македонци.“

2008-12-12

Србија: Фејсбук група на српските националисти

Nož, Žica, Srebrenica! (Нож, Жица, Сребреница!) е еден од омилените слогани на српските националисти и алудира на масакрот во Сребреница во 1995 година. Пред некое време, се појави Фејсбук група (српски) со истото име, која има 1 045 членови – како и против група (српски, англиски), чии 10 584 членови се ...

2008-10-08

Источна и Централна Европа

Худин мисли дека е време да се престане со користење на зборот „Балканизација“: „Нормално ние не викаме СССРизација, Чехословакизација, Британска империзација па дури ни Австро-Унгаризација. Не, ние велиме Балканизација и го велиме премногу често“. За овој повик постои и Фејсбук група.

2008-09-09

Бугарија, Македонија: Приближување преку литературата

Во мојата поранешна статија за Глобал Војсис Бугарија, Македонија: Војна за историјата преку блогови, ги претставив спротивставените ставови на нашите две земји и нивното влијание на локалната блогосфера, која се претвори во бојно поле за блогерска војна која нема крај. Но, изгледа дека македонските и бугарските блогери не се ...

2008-08-12

Јужна Осетија: Дали Косово претставува преседан?

Кога Косово еднострано прогласи независност на 17 февруари 2008 година, владите ширум светот беа поделени по прашањето за легитимноста на ваков акт. До сега 45 од 192 суверени земји членки на Обединетите Нации формално ја признаа Република Косово. Вреди да се спомене дека повеќето земји членки на Европската Унија формално ...

2008-08-09

Мароко: Развивање на Моливуд

Мароко веќе долго време е мека за странските филмаџии. Легендарни филмови како Последното Христово Искушение и Лоренс од Арабија, како и поскорешни филмови како Апсење и Падна Црниот Сокол го користат Мароко како позадина. Други филмови, како Бабел, користат повеќе од земјописот на Мароко и се фокусираат и на културата ...

2008-08-08

Источна и Централна Европа ,
Западна Европа

Кажи: Македонија поставува 11 прашања на грчките политичари и традиционалните медиуми, бидејќи според нив „етнички Македонци во и надвор од Грција не постојат“.

Источна и Централна Европа

Размислувања на Мајкл Ј. Тотен за исламот во Косово и Македонија, фотографии и многу коментари од читателите, може да најдете тука и тука (англиски).