The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

Интернет и телекомуникации Архива на теми

RSS feed за Интернет и телекомуникации

2008-08-18

Египет: Нема повеќе СМС од Твитер

Пред неколку денови, Египет се разбуди со тажни вести дека Твитер повеќе не доставува СМСи до неколку земји, вклучувајќи го Египет. Според Твитер блогот: „Да започнеме со лошите вести. Започнувајќи од денес, Твитер повеќе нема да доставува СМС-и преку нашиот број од Велика Британија. Доколку добивавте СМС новости од Твитер преку +44 ...

2008-08-13

Kувајт: Ослободете го Хусеин Ал Фудалах, веднаш!

На 7ми jули, Кувајтиецот Хусеин Ал Фудалах го напушти својот дом за да оди на риболов и не беше виден никогаш повеќе. Неколку дена подоцна неговото семејство доби вест дека тој е задржан во соседен Иран. Кувајтскиот амбасадор во Техеран ги увери дека тој е добро и ќе биде ослободен ...

2008-08-08

Источна и Централна Европа

Метаморфозис ги разгледува негативните реакции на македонските невладини организации и блогерите за „неодамнешните промени на Законот за кривична постапка и Законот за следење на комуникациите, дозволувајќи примена на посебни истражни мерки (сите видови прислушкување)“.

2008-07-28

Србија: Нови упатства и прописи за приватност на интернет

На 21 јули, РАТЕЛ, Републичката агенција за телекомуникации на Република Србија објави Документ со упатства за технички услови за подсистеми, уреди опрема и инсталации за мрежата Интернет на нејзиниот официјален веб-сајт. Српската блогосфера и интернет-заедница реагираше на оваа вест, при што многу блогери искажаа различни мислења, а особено неодобрување поради ...

2008-07-27

Кореја: За мене, блог е ________

На сите ни е познат „бранот“ за време на спортските настани. Станувате и седнувате, следејќи ги луѓето пред или после вас или од лево или десно. Сега во Кореја е популарен „блог бранот“. Блогер ја предложи идејата и го започна „блогерскиот бран“. Овој пат, блогерот ја започна реченицата „За мене, ...

2008-07-22

Саудиска Арабија: Раздвојување на блогролот?

Познато е дека поделбата на половите во Саудиска Арабија постои во секојдневниот живот – но дали постои онлајн? Дали имињата на машките и женските блогери може да стојат заедно во блогролот? Еден саудиски блогер е заинтересиран за оваа тема. Ентропи.МАКС, женски блогер, ја прикажува ситуацијата: Некои од постарите во саудиската блогосфера, вклучувајќи ...

2008-07-21

Блогер на неделата: Елена Игнатова

Иако денешниот блогер на неделата не е всушност блогер, таа е позната во македонската блогосфера за нејзината работа во Глобал војсис на македонски, каде таа е преведувач и исто така основач и уредник. Исто така, таа е и уредник на Глобал војсис на албански и страстен читател на блогови. Нејзиното име ...

2008-07-18

Македонија: Традиционални медиуми ги демонизираат гејмерите

Два влијателни македонски медиуми, весникот Дневник и телевизијата А1, имаат објавено технофобни текстови во кои гејмерите се претставени како опасност за општеството со речник кој заличува на говор на омраза. Ова не е прв изблик на технофобија во македонската јавност, оти разни традиционални медиуми и во минатото ги имаат претставувано компјутерџиите ...

Никарагва: Слободен софтвер во јавните институции

„Територио Либерадо“ или Ослободена земја е фраза која се створила во 1970тите за да се означи крајот на диктатурата или владеењето на Анастасио Сомоса во одреден град или регион. Овие денови, локалните групи за Линукс и слободен софтвер зборуваат за нов тип на слобода: слобода да креираат и развиваат нивни ...

2008-07-14

Бахреин: Прослава на арапската блогерска заедница

Многу блогери од арапскиот свет користат платформи на арапски јазик за своите блогови, како што се Џеран и Мактоб, и овие сајтови прераснаа во големи заедници кои ги преминуваат националните блогосфери. Нашиот популарен блогер од Бахреин, Шаима Ам Ватани, го прославува првиот роденден од нејзиното приклучување во заедницата на блогери ...