Значајни стории за Музика
Африка: Блогери оддаваат почит на Мајкл Џексон
Смртта на Мајкл Џексон предизвика изблик на емоции во речиси секој агол во светот. Обожавателите ги споделуваат своите сеќавања од Џексон на неговата официјална веб страница на речиси дузина јазици, а веста ги наполни првите страници на весниците низ светот.
Во Африка, блогерите му оддаваат почит на „кралот на поп-от“, поставувајќи ...
Русија, Украина, Балкан: Вести за Евровизија
Контроверзијата предизвикана од изборот за песна за Евровизија во Грузија по се изгледа заврши (или гледано од други перспективи, ја достигна точката на кулминација), бидејќи Грузија реши да не учествува оваа година во Москва како последица од барањето на Европската унија на радио и телевизија за промена на текстот на ...
2009-09-30
Израел: Изведбата на Леонард Коен предизвика френетични критики
Кантавторот Леонард Коен го посети Израел оваа седмица, со распродаден концерт, изведувајќи пред толпа од 47,000 обожаватели. Израелските блогери, кои беа среќни да присуствуваат, дадоа френетични критики.
За време на неговиот престој, Коен го претстави и своето наследство, инаугурирајќи го Фондот за помирување, толеранција и мир, фондација посветена на промовирање ...
2009-05-04
Видео: Перспектива, хумор и скептицизам за „свинскиот грип“
Видата ги отсликуваат состојбите на луѓето во одреден момент. Луѓето реагираат на различен начин во време на криза и за сите оние кој ги читаат, гледаат и апсорбираат информациите за „свинскиот грип“ (правилно познат како вирус од типот А - H1N1), може да биде комплицирано да ги одделат вистинските информации ...
2009-04-11
Франција: Интернет законот за пиратерија „3 опомени“ одбиен од парламентот
Четвртокот на 09.04.2009 францускиот парламент го одби предлог-законот Хадопи (la Haute Autorité pour la diffusion des œuvres et la protection des droits sur internet) со неуспехот (21-15) на владејачката партија да го изгласа законот.
Законот предложува две опомени и тогаш, по третиот прекршок, исклучување од интернет до една година за ...
2009-01-21
Балкан: „Чија е оваа песна?“
Неодамна неколку македонски блогери го објавија документарецот „Чија е оваа песна?“ на бугарскиот режисер Адела Пеева и започнаа да дискутираат за приказната. Документарецот е снимен од идеја која режисерот ја добил за време на една вечера во Истанбул со неколку свои пријатели (Македонец, Србин, Грк и Турчин), кога секој од ...
2008-12-09
Свирење за промена: Мир преку музика
MeetJohnSong ни го прикажа глобалниот колаборативен музички проект наречен Свирење за промена: Мир преку музика (Playing for Change: Peace through Music). Концептот позади овој проект е дека музиката е заеднички фактор кој ги спојува различните земји, етнички групи и региони. Филмот и музиката ќе бидат достапни во 2009, а повеќе ...
2008-12-01
Мајкл Џексон „преминува“ во исламот
Кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, повторно е актуелен и приказните за неговото наводното преминување во исламот се актуелни со саркастични коментари на блоговите во Средниот Исток. Дали преминувањето на Џексон е дел од заговорот на Америка „да се уништи исламот од внатре“, дали е медиумски подвиг или тој конечно ...
2008-11-03
Полска: Како да се бориме против нелегалната продажба на игри, филмови и музика
Како и секоја друга земја, така и Полска има долга традиција на пазари. Но се чини дека минатиот век донесе неколку промени во вредноста на тие пазари. Се уште можеме да најдеме традиционални пазари што продаваат храна и антиквитети во секој поголем град. Но, најпопуларни се пазарите познати ...
2008-09-05
Гвајана: Повторно Ејкон
Ејкон повторно создаде контроверзија во Карибите. Овој пат, изборот на територија е Гвајана. На концерт во националниот стадион во Гвајана, кој беше дел од регионалната прослава Карифеста, хип-хоп пејачот сурфаше низ публиката при неговиот обид да дојде до платформа за камера во средина на публиката. Неколку поддржувачи пристигаа на неа ...





