The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

Помош и спасување Архива на теми

RSS feed за Помош и спасување

2008-06-17

Кина: Проклетство на олимписката маскота?

Olympics
Доколку се прашувавте дали олимписките маскоти Фуви се премногу слатки за да бидат вистински, по се изгледа не сте единствените. За Кина, суеверието за овој ефект, кое го наоѓа патот низ различни мрежи по земјотресот со Сечуан, изгледа доволно точно со оглед на бројот на трагични настани кои и се случија ...

2008-06-08

Јапонија: Блогерите за нападот со нож во Акихабара

Напад со нож во областа Акихабара во Токио, според извештаите на новинските агенции, беше извршен од страна на 25 годишниот осомничен, Томохиро Като, во кој животите ги загубија најмалку седум лица, а уште повеќе се повредени. По се изгледа осомничениот удрил со два тона изнајмен камион во пешаци на раскрсница ...

2008-06-05

Блогерите од Мадагаскар поделени за помошта за земјотресот во Сечуан

Владата на Мадагаскар се понуди да помогне во интернационалните напори за помош на жртвите од земјотресот во провинцијата Сечуан, Кина. Огромните размери на катастрофата ја поттикнаа владата да донира 100 000 долари на кинескиот амбасадор Во Еуиди во Мадагаскар, за спасувачките напори. Блогосфера на Мадагаскар имаше измешани реакции за оваа донација, ...

2008-06-04

Југоисточна Азија: Серија од големи катастрофи

Деструктивен циклон во Мјанмар. Кинескиот земјотрес, кој беше почувствуван во Ханои и Бангкок. Два земјотреси на островот Суматра, кои ги потресоа Индонезија и Малезија. Силен тајфун кој уништи многу градови во северните делови на Филипини. Во последниве месеци, југоисточна Азија ја погодија природни катастрофи во кои илјадници животи беа изгубени и ...

2008-05-23

ЈуТјуб стартува канал за граѓанско новинарствоВидео post

Прикажувањето на видеата од граѓаните новинари само што стана уште полесно: сајтот на поставување видеа ЈуТјуб отвори нов канал ексклузивно за граѓански видеа, наречен ГраѓанскиВести. Видео блогерите, кои се специјалисти за известување на настаните од нивното место на живеење, сега може да се приклучат на каналот и да му покажат ...

2008-05-20

Видео: Креативност во справувањето со водената кризаВидео post

Со две многу скорашни природни катастрофи: циклонот во Мјанмар и земјотресот во Сечуан, Кина, повторно се појави темата за добивање чиста вода за пиење за популацијата на која и е потребна. Следуваат неколку видеа кои предлагаат различни решенија за доставување чиста вода или барем да им се овозможи на луѓето ...

2008-05-16

Видео: Последици од циклонот Наргис во Бурма/МјанмарВидео post

На 2 мај 2008, циклонот Наргис го погоди Мјанмар (Бурма), предизвикувајќи огромни штети со 38 491 мртви и 27 838 исчезнати. Ситуацијата би се сметала како критична во било која друга држава, меѓутоа воената влада или хунта, која е на власт, го ограничи влегувањето на помош во облик на храна, ...

2008-05-14

Индија: Експлозии во Џајпур, тероризмот и Владата

Серија експлозии го потресоа Џајпур на 13-ти мај. Според извештаите, има повеќе од шеесет жртви и 150 повредени. МајЗоун пишува за Џајпур, кој беше релативно мирен град, како и за општата паника која ја предизвикаа експлозиите. Неверувањето се претвори во шок кога во рок од петнаесетина минути двете експлозии станаа пет, ...

Источна Азија

ЕСВН ги здружува фотографиите од сите извори од земјотресот во Сечуан.

Источна Азија

Многу луѓе се прашуваат зошто немаше никакво предвидување за земјотресот во Сечуан. Лиу Хао ја критикува локалната влада бидејќи ги игнорирала разните знаци за земјотрес кои биле изнесувани од локалните жители [zh]. Ли Ши Хуи напиша на својот блог дека точно предвидување од експертите од кинеската администрација за земјотреси било игнорирано [zh].