The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

Софтвер и алатки Архива на теми

RSS feed за Софтвер и алатки

2008-10-28

Климатски анализи на видеото на Ријана за песната „Shut up and Drive“Видео post

Empivot е онлајн агрегатор за зелени медиуми или како што вели неговиот опис „Онлајн мрежа за зелени видеа“. Членовите можат да постават видеа, разгледуваат канали како Renewable Energy Business Watch, YesterMorrow - Design/Build School, Green Tv и други. Интересно видео, кое беше објавено на каналот Brighter Planet, врши климатски анализи на ...

2008-10-27

Екологија: Средба на зелените блогери во Кејптаун, Јужна Африка

На 11 октомври 2008, Глобал војсис – екологија, Carbon Smart и Urban Sprout организираа средба за еколошките блогери во Кејптаун, Јужна Африка. Она што следува е краток преглед на она што се зборуваше на средбата. Блогирањето за екологијата има разнолик аспект, бидејќи опфаќа огромна тема. Ова се одрази од разговорите на ...

2008-10-23

Кина: Мајкрософт наспроти нетизените

Контроверзното лансирање на софтверот Windows Genuine Advantage (WGA) од страна на Мајкрософт во Кина предизвика паника кај огромниот број корисници на нелегален софтвер во земјата. Во Кина лиценциран Виндоус чини 1000 јени, што е околу просечен бруто приход. Од друга страна, било кој пиратски Виндоус може да се најде насекаде по ...

2008-10-20

Источна и Централна Европа

Блогот посветен на проектот „Компјутер за секое дете“ ни пренесува информации за случувањата во најголемиот училиштен центар во Македонија: […] „Во средното училиште нема да бидат приклучени и користени компјутерите во текот на целата школска година поради старата инсталација во училишните простори.“ […]

2008-10-19

Чилеански сенатор ја истражува играта Ворлд Оф Воркрафт: Образовно градење на тимови или губење време?

Онлајн мрежните игри (multiplayer, mmorpg - масивни интернет мрежни игри во кои се игра и води фантазиски лик), како Секонд Лајф (Втор живот) и Ворлд Оф Воркрафт (Светот на Воениот Занает), привлекоа некаква автентична популарност со тоа колку претплатници имаат регистрирано и диспропорционално претеран публицитет од техно-утопистички блогери, следната-голема-работа за ...

2008-10-18

Македонија: Ден на слободен софтвер

Како дел од глобалниот Ден на слободен софтвер, на 4 октомври Слободен софтвер Македонија, по трети пат, организираше настан во центарот на Скопје. Тие разделуваа флаери и дискови со Ubuntu Linux, кои беа подготвени специјални за оваа пригода и вклучуваа слободен софтвер за други оперативни системи, како и филмот „Укради ...

2008-10-13

Латинска Америка: Reporting On, Твитер за новинари, станува популарен

Успехот на Твитер имаше големо влијание на многу нови сајтови, кои сакаа да ја ископираат формулата: кратки пораки, од сите типови на направи, за одредена публика. Еден од тие сајтови кои го следеа овој пример е Reporting On, нешто слично на Твитер за новинари, кој беше во работна бета верзија ...

2008-09-29

Екологија: Мапи, онлајн заедници и пресметки за испуштање јаглерод диоксид

Во претходен пост, Глобал војсис за животна околина наведе листа со веб 2.0 алатки за еколошки активизам. Во овој пост ќе се наведат уште неколку други алатки за таа намена, меѓу кои mashups (миксови), онлајн заедници, пресметки на отпечатоците од испуштањето јаглерод диоксид и една онлајн игра. Mashaups (миксови) Рори од блогот ...

Користење на Веб 2.0 алатки за еколошки активизам

Добивајќи идеја од постот на уредникот за Субсахарска Африка за кибер-активизмот за последиците од изборите во Кенија, решивме да разгледаме како блогерите и активистите за екологија ги користат веб 2.0 алатките за да го насочат вниманието кон прашањата како уништувањето на шумите, глобалното затоплување и како веб 2.0 алатките се ...

2008-09-27

Египет: Џихад хакери

Дали џихад се преселува од земја во виртуелниот свет? Египетскиот блогер Марва Раха пишува тука (и тука) за влијанието на интернетот врз постојаната дебата помеѓу секуларните и исламските кампови во Египет. Таа пишува: Не е голема тајна дека бројот на Египќани кои веруваат дека Египет треба да стане секуларна нација се зголемува. ...