Написи за Војни и конфликти

Младите се критичен глас во справувањето со безбедносни предизвици

„Она што е важно според мене, кога зборуваме за дезинформациите, е решавањето на структурните проблеми, како што е медиумската писменост, бидејќи Западен Балкан има едно од најниските нивоа на медиумска писменост во Европа.“

Хрватските граѓани и бизниси искажуваат поддршка за Украина на различни начини

Присутните вееја украински и хрватски знамиња и извикуваа слогани. Дел од паролите вклучуваа и фотографии, со кои ситуацијата во Донбас денес се споредуваше со последиците од опсадата и бомбардирањето на хрватскиот град Вуковар во 1991 година.

Росана Алексоска: Руското влијание особено се провлекува во клучни периоди и настани за Северна Македонија

„Она што е зачудувачки е што одредени структури во општеството сè уште се однесуваат како Северна Македонија да не е членка на НАТО, иако од нејзиниот прием во НАТО скоро ќе изминат две години.“

Во Мозамбик потпишана третата мировна спогодба во време на поделби во опозицијата и индиферентност на јавноста

  25 септември 2019

Додека траеше церемонијата која го означи крајот на третата граѓанска војна во Мозамбик, најголемиот дел од граѓаните на Мапуто беа на работа или беа заробени во сообраќајниот хаос на главниот град.

„Дали останатите знаат дека постоиме?“ – Сведоштво на една медицинска сестра од опсадената источна Гута во Сирија

Д Бриџ  23 февруари 2018

„Плачевме и за Ум Мохамад а и бидејќи бевме исплашени. Се прашувавме дали и ние ќе ја доживееме истата судбина и дали и нашите деца ќе останат без мајки.“