The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

Војни и конфликти Архива на теми

RSS feed за Војни и конфликти

2009-05-17

Источна и Централна Европа ,
Западна Европа

Волан објави фото и видео сторија за Француските гробишта во Скопје, на кои се закопани посмртните останки на 2930 војници од Франција и нејзините колонии, меѓу кои Мароко и Сенегал, кои паднале во текот на Првата светска војна на Македонскиот фронт, познат и како Солунски фронт (1915-1918). Местото претставува историска и архитектонска знаменитост од која е овозможен прекрасен поглед на стариот дел на градот.

2009-01-29

Израел: Каде е Махмуд ал-Захар?

Во неделата беше цитиран палестински извор со изјава дека највисокото лице на Хамас, Махмуд Захар бил повреден за време на последните денови од операцијата Cast Lead во појасот Газа. Весникот исто така изјави дека Захар бил однесен во Каиро, Египет, пред да може медицински тим да влезе во просторот на ...

2009-01-19

Грција: Протестирање поради испорачување на оружје во Израел

Со војната која беснее во Газа, извештаите на вестите на почетокот на овој месец за рутата на особено голем товар на оружје од Соединетите држави за Израел преку приватното грчко пристаниште Астакос предизвикаа врева помеѓу грчките блогери. Тие го користеа Твитер да истражуваат во врска со случајот и да направат ...

2009-01-16

Сирија: Арапските лидери не можат да постигнат договор

Иако агресијата во Газа навлезе во третата седмица, арапските лидери не одговорија на потребата од одржување на итен самит за земјите членки на арапската лига на кој што повикаа Катар и Сирија.  Сириските блогери се разлутени на политичкиот пинг-понг кој што се случува во врска со оваа суштинска тема што ...

2009-01-14

Арапски свет: Телефонски повик за Газа и технолошка војна кон Израел

Блогерите ги повикуваат своите читатели да ги земат телефоните и да им се јават на жителите на Газа со цел да им ја покажат својата поддршка. На другиот крај од спектарот, палестинските активисти ги убедуваат своите читатели да им се јават на израелските службеници и да им го трошат времето, ...

2009-01-11

Палестина: „Не сакам моите деца да ме видат растргната на парчиња“Видео post

Какво е чувството кога не може да ги заштитите своите деца? Во овој пост составен од извадоци од блогови од Газа ќе бидат опфатени мајките кои се уништени од вина гледајќи ги своите деца во терор: „Дали погрешив што имав деца? Дали имам право да бидам мајка?“

2009-01-05

Газа и Сдерот: „Ден после војната ќе ни треба нов почеток“

Градот Газа и израелскиот град Сдерот се оддалечени само неколку километри. Пред една година, иако луѓето живееја во сурови услови под израелска блокада и Сдерот беше постојана цел на ракетни напади кои доаѓаа од појасот Газа, беше започнат еден блог од страна на двајца мажи, по еден во двете места. ...

2008-12-12

Србија: Фејсбук група на српските националисти

Nož, Žica, Srebrenica! (Нож, Жица, Сребреница!) е еден од омилените слогани на српските националисти и алудира на масакрот во Сребреница во 1995 година. Пред некое време, се појави Фејсбук група (српски) со истото име, која има 1 045 членови – како и против група (српски, англиски), чии 10 584 членови се ...

Палестина: Терористички кукли

„Што може да ги усреќи повеќе вашите деца оваа година од играчка која наликува на терорист на Ал-Каеда?“, прашува палестинско-американскиот блогер Навал од Bloggin’ Banat. Играчката ја добивате целосно опремена (што е одлично бидејќи ќе ви заштеди пари за време на оваа финансиска криза). Доаѓа заедно со рачни гранати, пиштол, пушка ...

2008-12-09

Египет: Дефинирање на тероризмотСлики post

Египетскиот блогер City Bird го напиша следниов пост: Наставникот им кажа на учениците да креираат цртеж за тероризмот. Еден од учениците го нацрта цртежот погоре. Наставникот кажа: Што по ѓаволите си нацртал? Ние сакаме цртежи од луѓе со брада како убиваат невини луѓе.