The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

Америка Архива на региони

RSS feed за Америка

2009-10-19

Порторико: Подготвени за национален штрајк (најнови вести)

Рано, утрината на 15 октомври, илјадници луѓе ги преплавија главните улици и автопатиштата во околината на Сан Хуан, главниот град на Порторико, посебно финансиската област, како дел од општиот штрајк кој има за цел да ја парализира земјата на еден ден. Штрајкот беше организиран од работничкото движење како протест против ...

2009-10-16

Порторико: Подготвени за национален штрајк

Порторико се подготвува за општ штрајк во четврток, на 15 октомври. Откако гувернерот Луис Фортуњо отпушти околу 17,000 владини службеници во првата недела од октомври имаше огромна мобилизација од различни сектори на граѓанското општество: работници и членови на синдикатите, жени, припадници на движењата за заштита на околината, меѓу ...

2009-10-15

Доминиканската Република: Уставот забранува абортус во сите случаи

Conversations for a Better World
По една интензивна дебата во која учествуваа доктори, социолози, претставници на католичката црква, меѓународни здравствени организации и политичари, законодавците од Доминиканската Република ратификуваа член од уставната реформа со кој жените немаат право да ја прекинат својата бременост под никој случај. Оваа одлука за која многумина велат дека е донесена под големо ...

2009-10-14

Среден Исток и Западна Африка: Каде е мирот на Обама?

Тој пак го направи тоа, а овој пат ја доби Нобеловата награда, на изненадување на многумина -вклучувајќи го и неговото. Наградата на претседателот на САД Барак Обама испровоцира сериозни дебати на Блискиот Исток и еве неколку од реакциите. Мо-ха-мед, кој се опишува себеси како „постојан бегалец“ во The Traveller ...

2009-10-12

Египет: Нема овации за Нобеловата награда на Обама

Голема благодарност до комитетот за доделување на Нобеловата награда - навистина ни го разубавија денот. Можеби повеќето луѓе не се сигурни за што претседателот на САД беше номиниран, но се прилично сигурни дека не ја заслужи. Но сите беа среќни, затоа што ова им даде надеж дека секој и ...

2009-09-30

Израел: Изведбата на Леонард Коен предизвика френетични критикиВидео post

Кантавторот Леонард Коен го посети Израел оваа седмица, со распродаден концерт, изведувајќи пред толпа од 47,000 обожаватели. Израелските блогери, кои беа среќни да присуствуваат, дадоа френетични критики. За време на неговиот престој, Коен го претстави и своето наследство, инаугурирајќи го Фондот за помирување, толеранција и мир, фондација посветена на промовирање ...

2009-09-29

Иран: Зелен бес против Ахмадинеџад во ЊујоркВидео post

Демонстрантите против иранската влада и прекршувањето на човековите права во Иран го одржаа своето ветување и протестираа против иранскиот претседател, Maхмуд Ахмадинеџад во Њујорк, за време на неговото обраќање на Генералното собрание на Обединети нации, во средата на 23 септември. Демонстрантите дојдоа од четирите страни на светот вклучително и ...

2009-09-28

САД: Судири со полицијата во Питсбург на самитот на групата Г-20

Анти-капиталистички, анти-воени групи, анархисти, групи за заштита на околината и загрижени граѓани се собраа во Питсбург, во четвртокот на 24 септември за да протестираат против негативните ефекти од глобалниот корпоративен капитализам за време на одржувањето на самитот на светските лидери од групата Г-20. Протестант уапсен во Питсбург. Криејтив комонс фотографија од ...