The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

Индонезија Архива на држави

RSS feed за Индонезија

2009-09-18

Источен Тимор: Славење на глобалната солидарност за слобода

Десет години по референдумот, Глобал Војсис повторно пишува за Источен Тимор, но овој пат во знак на славење на силната меѓународна солидарност која претходно кулминираше со признавање на правото на земјата за самоопределување: На 30 август 1999 година, стотици илјади луѓе од Источен Тимор храбро се спротивставија на тероризирачката кампања предводена ...

2009-08-11

Југоисточна Азија: Интернетот и национализмот

Интернетот се повеќе го користат многу луѓе од Југоисточна Азија за најразлични националистички кампањи. Овој тренд е позитивен затоа што сега за сега го проширува и подобрува политичкото учество на обичните граѓани. Меѓутоа, постојат ултра-националистички онлајн иницијативи кои го спречуваат создавањето на регионална солидарност во Југоисточна Азија.

2009-06-23

Преведувач на неделата: Каролина Чандра Румуат

Каролина Чандра Румуат врти нова планета во Глобал Воисес Лингва галаксијата на јазици: Глобал воисес на Бахаса Индонезија. Што? На [англиски] Бахаса Индонезија, официјалниот јазик на не помалку од 237 милиони индонезијци. На вистински глобализиран начин, Каролина од Индонезија го преведува и го одржува најновиот Лингва веб сајт дури од ...Мароко!

2009-05-16

Југоисточна Азија: Рeакции за H1N1 вирусот

Пред некое време годинава, пишував за стравот од вирусот кој што се рашири во регионот на Југоисточна Азија. Во многу земји во регионот регистриран е пораст на случаите предизвикани од вируси на заразна тропска треска, чикунгуња, птичји грип и ебола. Ова е друга закана во регионот: вирусот H1N1 (претходно познат ...

2009-01-26

Индонезија: Прослава на Кинеска Нова Година

Прослава на Кинеска 2008 Нова Година во Џакарта. Фотографија од: ДМахендра од Фликр. Повеќе од три декади, на индонезиските Кинези им беше забрането да ја изразуваат својата култура. Апсолутистичкиот  режим „Нови правила“ под водство на претходниот Претседател Сухарто донесе одлука дека е забрането да се користат кинескиот јазик и букви. Како ...

2008-12-01

Светски ден на СИДА-та: Позитивно блогирање

Оваа година се одбележува 20 годишнината од Светскиот ден на СИДАта, која секоја година се одржува на 1ви декември. Иако влијанието на ХИВ и СИДАта го чувствуваат милиони луѓе глобално секој ден, овој ден особено може да го привлече многу потребното внимание на болеста. Темата на овогодишниот Светски ден на СИДАта ...

2008-11-05

Американците гласаат. Светот зборува.

Зависници од политички вести, слушајте! Блогот на Глобал Војсис за американските изборите, Voices without Votes работи прекувремено за да Ви обезбеди постојана доза од светското мислење. На денот на изборите во САД , африканските блогери му понудија солидарност на Обама, венецуелски блогер напиша поема за невозможноста за победа на ...

2008-06-04

Југоисточна Азија: Серија од големи катастрофи

Деструктивен циклон во Мјанмар. Кинескиот земјотрес, кој беше почувствуван во Ханои и Бангкок. Два земјотреси на островот Суматра, кои ги потресоа Индонезија и Малезија. Силен тајфун кој уништи многу градови во северните делови на Филипини. Во последниве месеци, југоисточна Азија ја погодија природни катастрофи во кои илјадници животи беа изгубени и ...