The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

Македонија Архива на држави

RSS feed за Македонија

2009-01-21

Балкан: „Чија е оваа песна?“Видео post

Неодамна неколку македонски блогери го објавија документарецот „Чија е оваа песна?“ на бугарскиот режисер Адела Пеева и започнаа да дискутираат за приказната. Документарецот е снимен од идеја која режисерот ја добил за време на една вечера во Истанбул со неколку свои пријатели (Македонец, Србин, Грк и Турчин), кога секој од ...

2009-01-13

Кибер-активизам ,
Владеење

Јас, Македонец во еден свој пост ја вметна македонската онлајн игра „Удри ги копуците“ и напиша „Верувам дека ќе биде вистински хит во Македонија, а и во целиов регион“. Играта им овозможува на играчите да удираат неколку политичари со патлиџани, јајца и торти. Играта исто така е објавена на грчкиот Политички блог.

2008-12-28

Етнички идентитет ,
Историја

На почетокот на овој месец Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во Хелсинки го изјави следново: „ Македонија ги исполни критериумите, но ќе се приклучи кон НАТО кога тоа ќе биде можно на достоинствен начин.“ Кажи: Македонија коментира: „Оваа изјава го рефлектира јавното мислење во Македонија и илустрира колку е важно за нас Македонците да бидеме признаени под единственото прифатливо име за нас: Македонија и етничка група: Македонци.“

Слобода на говор ,
Туризам

Ари Русила на својот блог AriRusila’s BalkanBlog ги разгледува резултатите за Балканот од истражувањето за слобода во светот на Freedom House, а на AriRusila's BalkanPerspective на Blogactiv.eu пишува за индексот на рестрикции за визи во истражувањето направено од фирмата Henley & Partners, истакнувајќи ги резултатите за земјите од Централна и Источна Европа.

2008-12-26

Македонија - вечнаВидео post

На 24 декември, 2008 се случи претставувањето на промоционалниот спот за Македонија – „Македонија вечна (Macedonia Timeless)“. Видеото е во сценарио и режија на Милчо Манчевски и негова цел е да го промовира туризмот во Македонија. Видеото ќе биде прикажувано на CNN и неколку други земји на осум различни јазици. Исто ...

2008-11-03

Македонија: Користете го Фејсбук ако сакате да флертувате со политичарите

Во националниот весник „Вест“ на насловната страница беше објавен напис „Флертувајте со политичарите на интернет“, во кој се вели дека доколку граѓаните на Македонија сакаат да разговараат со политичарите тоа може да го направат само преку некоја од социјалните мрежи: Ако македонските политичари не можете да ги најдете во нивните канцеларии, ...

2008-10-20

Деца ,
Кибер-активизам

Блогот посветен на проектот „Компјутер за секое дете“ ни пренесува информации за случувањата во најголемиот училиштен центар во Македонија: […] „Во средното училиште нема да бидат приклучени и користени компјутерите во текот на целата школска година поради старата инсталација во училишните простори.“ […]

2008-10-18

Македонија: Ден на слободен софтвер

Како дел од глобалниот Ден на слободен софтвер, на 4 октомври Слободен софтвер Македонија, по трети пат, организираше настан во центарот на Скопје. Тие разделуваа флаери и дискови со Ubuntu Linux, кои беа подготвени специјални за оваа пригода и вклучуваа слободен софтвер за други оперативни системи, како и филмот „Укради ...

2008-10-08

Историја ,
Војни и конфликти

Худин мисли дека е време да се престане со користење на зборот „Балканизација“: „Нормално ние не викаме СССРизација, Чехословакизација, Британска империзација па дури ни Австро-Унгаризација. Не, ние велиме Балканизација и го велиме премногу често“. За овој повик постои и Фејсбук група.

2008-09-24

Украина, ЕУ: Поблиски односи?

Планот на ЕУ да се финализира Договорот за Асоцијација со Украина во 2009 година беше објавен на Самитот ЕУ - Украина во Париз на 9 септември. Медиумите и блогерите го дочекаа со мешани реакции. „ЕУ и нуди уверување на Украина“ е наслов на БиБиСи. „ЕУ не и нуди ветувања на полната ...