The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

Субсахарска Африка Архива на региони

RSS feed за Субсахарска Африка

2008-06-09

Еколошки активизам со мобилната телефонија

Мобилните телефони стануваат важна алатка за екологистите низ светот. Овие активисти развиваат нови технолошки стратегии со цел да ги едуцираат потрошувачите за влијанието на нивните одлуки при купување, да го набљудуваат животинскиот свет и нивото на загадување, и да се залагаат за заштита на шумите. Извештајот од Технолошкото партнерство на Фондацијата ...

2008-06-05

Блогерите од Мадагаскар поделени за помошта за земјотресот во Сечуан

Владата на Мадагаскар се понуди да помогне во интернационалните напори за помош на жртвите од земјотресот во провинцијата Сечуан, Кина. Огромните размери на катастрофата ја поттикнаа владата да донира 100 000 долари на кинескиот амбасадор Во Еуиди во Мадагаскар, за спасувачките напори. Блогосфера на Мадагаскар имаше измешани реакции за оваа донација, ...

2008-05-28

Поранешниот претседател на Малави во домашен притвор

По скорешните извештаи за наводните заговорници на државен удар, полицијата вчера го уапси поранешниот претседател на Малави - Бакили Мулузи, и го стави во домашен притвор. Новинарот од Лилонгве Брајт Сонани сведочи за настаните на Меѓународниот аеродром Камузу во Лилонгве каде што беше уапсен Мулузи при пристигнувањето од Велика Британија. По ...

2008-05-23

ЈуТјуб стартува канал за граѓанско новинарствоВидео post

Прикажувањето на видеата од граѓаните новинари само што стана уште полесно: сајтот на поставување видеа ЈуТјуб отвори нов канал ексклузивно за граѓански видеа, наречен ГраѓанскиВести. Видео блогерите, кои се специјалисти за известување на настаните од нивното место на живеење, сега може да се приклучат на каналот и да му покажат ...

2008-05-21

Судан: Сами ал-Хаџ ослободен, Картум нападнатСлики post

Овој пост ги истакнува двата најозборувани скорашни настани во суданската блогосфера. Да започнеме со суданскиот новинар од Ал-Џазира, Сами ал-Хац кој беше ослободен од Гвантанамо Беј, каде беше држен шест години без судење. Еман беше очигледно среќен: Дали го чувствуваш она што јас го чувствувам? Дали си среќен колку мене? Дрима го кажа следново за ...

Иран: Блогер пишува книга за влијанието на интернетот

Кирус Фаривар е блогер, новинар и писател кој живее во САД. Тој моментално работи на книга за влијанието на интернетот врз општеството. Кирус пишува за влијанието на интернетот во Иран, Сенегал, Јужна Кореја и Естонија. Неодамна тој беше во Иран и направи неколку фотографии од иранските килими, храна, згради и ...

2008-05-20

Видео: Креативност во справувањето со водената кризаВидео post

Со две многу скорашни природни катастрофи: циклонот во Мјанмар и земјотресот во Сечуан, Кина, повторно се појави темата за добивање чиста вода за пиење за популацијата на која и е потребна. Следуваат неколку видеа кои предлагаат различни решенија за доставување чиста вода или барем да им се овозможи на луѓето ...

2008-05-12

Денот Пангеа: Светски настанВидео post

Денот Пангеа беше организиран во саботата и луѓе од различни краишта на светот се собраа да гледаат филмови и да бидат дел од светскиот настан на кој филмовите, говорниците и музиката ни покажаа нешто повеќе од животот на другата страна од земјината топка, обединувајќи луѓе од сите области на животот ...

2008-05-01

Нигерија

Јоми пишува за мобилната телевизија во Нигерија: „Претплатниците на МТН мрежата од Нигерија, сега може да гледаат 10 ДСТВ телевизиски канали на нивните мобилни телефони. Меѓу канали се: Супер Спорт, Канал О, Африка Меџик, Картун Нетворк.“

2008-04-30

Уганда

Шарлет Лион ја дискутира цената за интернет пристап во Уганда: „Интернетот во Уганда е претерано скап. Во интернет кафе со брз интернет, еден час ќе ве чини околу 3000 Ush (1.70 долари). Можеби ќе чини поевтино на некое друго место, но брзината на конекцијата може да биде толку спора што на крај корисниците завршуваат со повеќе потрошено време, а затоа и повеќе пари, за добивање на информации.“