The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

Грција Архива на држави

RSS feed за Грција

2008-12-28

Етнички идентитет ,
Историја

На почетокот на овој месец Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во Хелсинки го изјави следново: „ Македонија ги исполни критериумите, но ќе се приклучи кон НАТО кога тоа ќе биде можно на достоинствен начин.“ Кажи: Македонија коментира: „Оваа изјава го рефлектира јавното мислење во Македонија и илустрира колку е важно за нас Македонците да бидеме признаени под единственото прифатливо име за нас: Македонија и етничка група: Македонци.“

2008-08-08

Етнички идентитет ,
Историја

Кажи: Македонија поставува 11 прашања на грчките политичари и традиционалните медиуми, бидејќи според нив „етнички Македонци во и надвор од Грција не постојат“.

2008-06-27

Дијаспора ,
Етнички идентитет

Кажи: Македонија го дискутира написот од Шпигел за конфликтот помеѓу Македонија и Грција и пишува за случај прикажан од бегалците од античките Македонци пред Европскиот суд на човекови права во Стразбур.

2008-06-16

Слобода на говор ,
Етнички идентитет

Кажи: Македонија пишува за македонскиот јазик – и “националната наука“: „Оваа национална наука е токму она што не ни треба повеќе на Балканот. Отстранувањето на нашите политичко-влијателни науки (т.е. ‘научни пропаганди’) ќе ни помогне да ги истераме нашите национални демони од минатото и да започнеме да градиме толеранција и почит. Овој пат навистина.“

2008-06-09

Слобода на говор ,
Дијаспора

Кажи: Македонија го објавува извештајот од организацијата за човекови права Хјуман рајтс воч за Македонците во Грција и поставува линк до него.

2008-05-29

Владеење ,
Човекови права

Речи: Македонија пишува за првиот конгрес на македонската партија „Виножито“ во Грција.

2008-05-24

Уметност и култура ,
Етнички идентитет

Грејтер Сурбишн го цитира Никос Казанзакис од „Грк Зорба“: „Со моменталната политика на Грција кон Македонија, поучно е да се прочитаат зборовите кои Казанзакис ги наметна на овој најпопуларен грчки фиктивен херој кога подоцна ја опишува неговата улога во обидите на Грција да ја колонизира Македонија […].“

2008-05-22

Слобода на говор ,
Етнички идентитет

Анастас Вангели ги објави своите впечатоци од анти-националистичкиот и антимилитаристички грчко-македонски дијалог кој се одржа минатата сабота - на македонски и англиски. Учесниците во Грција биле прогласени за предавници и анатемисани од солунскиот митрополит во неговата неделна проповед.

2008-05-16

Македонија: Блогерите ја нагласуваат потребата за отворена комуникација со ГрцијаВидео post

Во екот на внатрешните превирања предизвикани од грчката кампања за блокирање на пристапувањето на Македонија кон НАТО и Европската унија, и сè поголемиот број на извештаи за напади врз македонските камионџии (официјална реакција) од националистички толпи во Грција, многу македонски блогери се обидуваат да го премостат јазот на глупоста меѓу ...

2008-04-27

Етнички идентитет ,
Владеење

Пост за односите помеѓу Македонија и Грција е објавен на Еуроблогот на Марк Мардел (ББС), кој до сега има околу 800 коментари.