The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

Грција Архива на држави

RSS feed за Грција

2008-05-22

Слобода на говор ,
Етнички идентитет

Анастас Вангели ги објави своите впечатоци од анти-националистичкиот и антимилитаристички грчко-македонски дијалог кој се одржа минатата сабота - на македонски и англиски. Учесниците во Грција биле прогласени за предавници и анатемисани од солунскиот митрополит во неговата неделна проповед.

2008-05-16

Македонија: Блогерите ја нагласуваат потребата за отворена комуникација со ГрцијаВидео post

Во екот на внатрешните превирања предизвикани од грчката кампања за блокирање на пристапувањето на Македонија кон НАТО и Европската унија, и сè поголемиот број на извештаи за напади врз македонските камионџии (официјална реакција) од националистички толпи во Грција, многу македонски блогери се обидуваат да го премостат јазот на глупоста меѓу ...

2008-04-27

Етнички идентитет ,
Владеење

Пост за односите помеѓу Македонија и Грција е објавен на Еуроблогот на Марк Мардел (ББС), кој до сега има околу 800 коментари.

2008-04-23

Бизнис ,
Економија

Даглас Муир од Фистфул оф Jурос објави краток текст за новостите во односите на Македонија и Грција

2008-04-10

Меѓународни односи

Турскиот блогер Метин прашува “Што претставува името?“, произлегувајќи од грчкото вето за влегувањето на Македонија во НАТО. Тој исто така прашува: “Што ако, кога американските трупи го напуштат Ирак (но не неговата влада), земјата се подели на три дела, вклучувајќи го и Курдистан. Со тоа Турција може ќе се спротивставува на името Курдистан, кое може да се поистовети со територија во нејзините граници.“

Слобода на говор ,
Меѓународни односи

Речи: Македонија зборува против “радикализмот” кој се повеќе е застапен во односите помеѓу Македонија и Грција: „Сакам да ги осудам сите форми на насилство за ‘решавање’ на овој проблем и да ги замолам сите да се смират, бидејќи проблемот ќе остане, а во меѓувреме разликите помеѓу двете нации ќе се зголемат. Сепак ние треба да живее заедно.“

2008-04-09

Македонија: Блогерите дискутираат за Самитот на НАТО и Грција

Попречувањето на поканата за влез во НАТО на Македонија од страна на Грција беше главна тема во македонската блогосфера минатата недела. Следи преглед на неколку типични првични реакции околу веста. Неколку дена пред Самитот, Филип Петровски ја опиша атмосферата во земјата: Неверојатна е тензијата којашто деновиве лебди во воздух. Претстојниот самит ...

2008-04-01

Дијаспора ,
Етнички идентитет

Спорот за името помеѓу Македонија и Грција го инспирираше блогерот од Аман, Одрази се на… да размисли за идентитетот, географијата и геополитиката.

2008-03-29

Владеење ,
Историја

Повеќе за спорот со името помеѓу Македонија и Грција на блогот Надворешна политика и По течението на Дунав.

2008-03-26

Владеење ,
Закон

Даглас Муир од Фистфул оф Jурос известува дека владата на Македонија не се распаѓа. Исто така, тој чувствува дека „проблемот со името Македонија е толку глупав што речиси е физички болно да се пишува за него.“