март, 2009

Написи од март, 2009

Вода: Интернационален видео-натпревар One Take

  31 март 2009

„Дали пристапот до чиста, безбедна за пиење вода е основно човеково право? Зошто? Или зошто не?“ Ова е прашањето, кое One Take ве прашува и треба да го одговорите на својот јазик, снимајќи видео не подолго од 2 минути, да го поставите на нивниот сајт и на DotSub и да...

Египет: Жените го користат интернетот за да се борат против табуата

Младите египетски жени од средната и високата класа го применуваат интернетот за да ги водат своите битки против табуата. BBC интервјуираше неколку од нив, а Мохамед Хамди од Bloggers Times го коментираше написот. Цитирајќи го Рем Абдел Хамид од Al Youm 7 Newspaper, Хамди напиша: وتروى النساء تجاربهن الشخصية مستغلات...

Global Voices ве предизвикува да прочитате книга за да научите повеќе за светот!

23 Април е Светскиот ден на книгата организиран од УНЕСКО – и покрај тоа што тимот на Global Voices сака блогови, не значи дека ги имаме заборавено другите форми на пишаниот збор! Всушност, бидејќи мислиме дека читањето литература е многу добар начин да се научи за некоја култура, имаме интересен предизвик за сите придонесувачи и читатели на Global Voices, како и за блогерите насекаде.

Јапонија: Уметноста во ерата на дигитална репродукција

  24 март 2009

Помеѓу корисниците на сервисот за социјално обележување на сајтови Хатена произлезе крос-генерациска дебата за вредноста на уметност и културата општо. Дебатата започна од анонимен пост насловен: хм… Нели е чудна идејата дека ние мора да плаќаме за музика?, кој натера многу блогери да се запрашаат за потребата да се плаќа за нешто што се смета за уметнички продукт (песна, слика, видео итн.), особено сега кога бесплатните сервиси како Youtube или јапонскиот Niko Niko Dōga се достапни.

Иранскиот блогер Омид Реза Мир Сајафи почина во затвор

Омид Реза Мир Сајафи, 29 годишен ирански блогер и новинар, на 18 март почина во затворот Евин во Техеран. Во декември, тој беше осуден на две и пол години затвор за наводно навредување на религиозните лидери и вклучување во пропаганда против исламската република Иран. Мир Сајафи сѐ уште чекаше на...

Тунис: Сеќавање на првиот интернет затвореник во Тунис

Зохар Јахјау од Тунис, секогаш ќе биде познат помеѓу туниските активисти како човек кој го жртвуваше својот живот за борбата за слобода на говор. Јахјау, кој пишуваше под името Ettounsi или The Tunisian и имаше диплома за економски науки и интернет новинарство, на 2 јуни 2000 година ги имаше покането...

Саудиска Арабија: Добро документирана песочна бура

Наоружани со камери и фотоапарати, блогерите од Саудиска Арабија ја документираа масивната песочна бура која се случи во главниот град Ријад, со која видливоста се намали само на неколку метри и го парализираше градот. На YouTube, Riyadh Travels објави видео во кое се покажува како бурата се движи со голема...

Русија, Украина, Балкан: Вести за Евровизија

Контроверзијата предизвикана од изборот за песна за Евровизија во Грузија по се изгледа заврши (или гледано од други перспективи, ја достигна точката на кулминација), бидејќи Грузија реши да не учествува оваа година во Москва како последица од барањето на Европската унија на радио и телевизија за промена на текстот на...

Како да (и како да не) се учи да се блогира

Фотографија од Џои Ито на Flickr користена под Криејтив комонс лиценца – Наведи извор Во последната книга на Паоло Куелјо „Вештерката од Портобело“ карактерот Набил Алахи вели: „Што е учител? Јас ќе ви кажам: Тоа не е некој што ве учи нешто, туку некој што го инспирира ученикот да се...