јули, 2010

Написи од јули, 2010

Јужна Африка: 67 минути промена – Денот на Мандела

Mногу луѓе знаат дека Нелсон Мандела помина 27 години од својот живот во затворот на островото Robben во Јужна Африка. Она што многумина не го знаат, е дека Мадиба (како што е почесно наречен во Јужна Африка), има поминато 67 години во борбата против расизмот и сиромаштијата. Во неделата на 18-ти јули 2010 година, поранешниот Јужноафрикански претседател наполна 92 години.

Хрватска: Полицијата разби мирен протест во Загреб

Денес изутрина хрватската полиција разби мирен протест против узурпирањето на јавен простор во центарот на Загреб, при што уапси најмалку 11 граѓански активисти. Твитер фидот со името на улицата #Varsavska послужи како главен извор на информации и фотографии од лице место. Граѓанските асоцијации Право на град и Зелена акција ја...

Русија: Нови детали за националниот интернет пребарувач

Русија ќе развие свој национален пребарувач, пишува Gazeta.ru [руски]. И покрај  скорешните негирања [руски] на ваквите планови од страна на министерот Игор Шеголев, новинарите издадоа слајдови од затворено прикажување на проектот, дефинирано како „руски информациски прозорец“ кон светот. Пребарувачот, кој ќе чини повеќе од 100 милиони американски долари, ќе блокира...

Србија: Еден пар чевли, еден живот

И покрај тоа што поминаа 15 години од масакрот во Сребреница,  Ратко Младиќ – генерал на Армијата на Rепублика Српска (српската Армија во Босна) кој е оптужен од Хашкиот трибунал за геноцид  и бруталната смрт на повеќе од 8.000 муслимани во овој босански град на 11-ти јули 1995,  сѐуште не...

Европа: Видео-натпревар за повеќејазичноста

  15 јули 2010

Доколку живееш во Европа, имаш 18-35 години и зборуваш повеќе од еден јазик, тогаш испрати на натпреварот кратко он-лајн видео за повеќејазичноста, за да добиеш место во снимањето на еден патувачки филмски настан кој ќе се одвива во архипелагот Турку во Финска.

Global Voices ја најавува инвестицијата од мрежата Омидјар

Со задоволство ви најавувам дека мрежата Омидјар ивестираше 1.2 милиони долари во работата на Global Voices. Омидјар е филантропска фондација, креирана од основачот на eBay, Пјер Омидјар и неговата жена Пам, со цел да се подобрат животите на луѓето преку „спрегнување на моќта на пазарите“. Омидјар досега има поддржано неколку...

Јапонија: Сакамото Риома, херојот

  14 јули 2010

Уверен, харизматичен и секогаш привлечен, Сакамото Риома, отсекогаш бил една од омилените јапонски историски личности. Откако во Јануари годинава радиотелевизискиот канал NHK започна да ја емитува историската драматична серија „Легендата за Риома“, во земјата избувна национална Риома-манија.

Филипини: Погледите на блогерите за сексуалното образование

  13 јули 2010

Оваа учебна година, филипинската влада реализира програма на Обединетите Нации за сексуално образование во јавните училишта за децата и тинејџерите додека Католичката црква строго се спротивставува на програмата. Блогерите коментираат на темата.