септември, 2010

Написи од септември, 2010

Македонија: Блогирање за правилна употреба на јазикот

Две професионални и лицецирани лекторки, Бисерка Велковска и Маја Катарова, неодамна го отворија блогот Лектор на кој нудат бесплатни совети од областа на правописот на стандардниот македонски јазик.

Глобал војсис на Економист

  27 септември 2010

Благодарение на специјален договор, авторите на Global Voices од целиот свет повремено поднесуваат написи до Економист за секцијата Бебеџ (Babbage) blog, дел од Економист за технологија. Овие написи се разликуваат од типичните постови на Глобал Војсис по тоа што се со аналитичка природа и не се до тој степен насочени...

Порторико: Музичко сеќавање на 11 септември

  14 септември 2010

Редакцијата на блогот за музика, уметности и технологија Порторико инди (на шпански) организираше виртуелна „музичка“ тркалезна маса во која писатели, уредници, автори и пријатели предлагаа песна по повод 9/11 (11 септември 2001). Видеоклиповите од песните се придружени со кратки текстови со објасненија за изборот.

Кина: Цензура на видеоигри

  13 септември 2010

Лутиот кинески блогер дава увид (англиски) во цензурата на видеоигри која ја спроведува Кинеската влада, област занемарена од организациите за човекови права.

Грузија: Преминување во Абхазија

Другој објавува запис за посетата во отцепената територија Абхазија која е признаена од само четири членки на ООН од руско-грузиската војна за Јужна Осетија во 2008 година. Постот исто така содржи и фотографии.

Франција: Дискриминација на Ромите, етикетирани како „крадци“

  13 септември 2010

И додека истерувањето на Ромите од камповите најавено од претседателот Саркози и министерот за внатрешни работи Брис Хортефо е во полн ек со тивкото одобрување на мнозинството на јавното мислење, започнуваат да се јавуваат сомнежи околу праведноста на мерките. Некои блогери го изразија својот гнев за мерките кои целат кон најранливите и една цела заедница ја етикетираат како „крадци“.

Дали Руперт Мардок прогласи војна на Фиџи?

  13 септември 2010

Четиригодишната битка помеѓу Фиџи Тајмс и воената влада на Фиџи наскоро ќе дојде до критична точка, бидејќи новите закони за медиуми ќе доведат до присилна продажба на 141 години стариот весник, кој е во сопственост на мардоковиот Њуз Лимитед. Декретот за развој на медиумската индустрија, усвоен кон крајот на јуни,...

Канада: „Исчезнувањето“ на домородните жени

  11 септември 2010

Бидејќи  30 август е обележан како Меѓународен ден на исчезнатите лица, вести од Канада дека близу 600 домородни жени исчезнале во последните три декади се раширија надалеку, нашироко и низ целата канадска блогосфера. Активистите за човекови права тврдат дека канадската влада не направила доволно за да ги истражи исчезнувањата. Се...