октомври, 2010

Написи од октомври, 2010

Кувајт: Полициска бруталност снимена на видео?

Ширум светот има видео записи кои сведочат за полициската бруталност. Еве еден од Кувајт, којшто беше поставен на еден популарен блог и доби доста коментари - од кои многу го напаѓаа блогерот што го поставил.

Египет: Лош, лош Фејсбук

Едно телевизиско шоу коешто дискутираше за Фејсбук на египетската државна телевизија, стана извор на гласини, исмевање и многу забава на блоговите и Твитер. Tarek Amr има повеќе за овие реакции од страна на египетските интернет корисници.

Македонија: Контроверзии околу изборот на учесници на ТЕД икс Скопје

Многу твитерџии искажаа незадоволство од првичниот избор на учесници на ТЕД икс Скопје, кој според правилата на лиценцата (англиски) е ограничен на 100 лица. Со цел да ја структурираат дебатата, волонтерите кои го организираат настанот се согласија да направат групно интервју преку Пинг.мк во стилот на Аск Редит (анг.).

Русија: Еротска наспроти политичка битка на календарите

Се вели дека новинарите треба да бидат објективни и непристрасни и да не стануваат блиски со политичарите. Кога младите студентки по новинарство решија отворено да го изразат своето восхитување кон рускиот Премиер Владимир Путин, „објективноста“ и „непристрасноста“ беа засенети од сексуалните инсинуации и еротска долна облека. Иако, фактот дека неколку...

Македонија: Провинцијализација на вестите

Сеад Џигал објави извадок од неговата магистерска со податоци за содржината на ТВ вестите во Македонија од септември 2009. Слично на податоците за САД претставени од Итан Зукерман на ТЕД, доминираат национална/локална политика со 37%, црна хроника со 25%, додека вести од светот се сведени на само 11%.

Македонија: Активист за човекови права обвинет за клевета

Жарко Трајаноски, активист и експерт за човекови права, на својот блог објави скен на тужбата од 50.000 евра која приватно ја покренал против него водителот на ТВ ток-шоу Миленко Неделковски. Обвинетиот наводно го оштетил угледот на провладиниот медиумски лик со тоа што ги оквалификувал неговите повици за „ликвидација“ на „предавниците“...

Смешни веб реакции за колапсот на Фејсбук

  5 октомври 2010

Фејсбук е најголемата светска општествена мрежа, со повеќе од 500 милиони корисници. На 23ти септември 2010 веб страната беше привремено недостапна поради технички проблеми. Неколку шеги за колапсот на Фејсбук набрзо почнаа да кружат на Твитер, проследени со стотици коментари од многумина. Неколку од нив следат подолу: @liammalone: Додека Фејсбук...

Тајван: На кого му треба основач?

  5 октомври 2010

Дали д-р Сан Јат-сен го заслужува прекарот „Основач на Република Кина“? Дали е тој навистина беспрекорен идеалистички политички водач и херој кој стои зад револуцијата што ја совлада династијата Чинг? Како позната историска икона на териториите на Кина и РК (Тајван), митот за д-р Сан беше критички анализиран во Тајван,...