јуни, 2014

Написи од јуни, 2014

Порака од каснатиот италијански фудбалер Џорџо Кјелини за пофалба

  28 јуни 2014

Италијанскиот центарски бек Џорџо Кјелини, кој беше каснат од уругвајскиот напаѓач Луис Суарез [en] во текот на мечот помеѓу репрезентациите на Италија и Уругвај во групната фаза од Светскиот куп во Бразил, му испрати на Суарез помирлива порака [it] преку неговиот официјален веб-сајт: Dentro di me ora non ci sono...

Изјава: Глобал војсис бара ослободување на Таџикистанскиот научник Алекс Содиков

Адвокс  20 јуни 2014

Заедницата на Глобал војсис бара итно ослободување на Александар Содиков, докторанд на Универзитетот во Торонто и автор на Глобал војсис кој моментално е притворен во Таџикистан, неговата родна земја.

Перу: Љубов е… да најдеш нов начин да ја изненадиш твојата девојка

Тој имаше испланирано да ја изненади својата девојка со големо плишано мече како поклон за нејзиниот роденден, но штрајк во јавниот транспорт го натера да оди пеш [шпански] повеќе од седум километри носејќи го големиот поклон. Ова е приказната со среќен крај на Џонатан Росас, од областа Јанацанча, во перуанскиот град Паксо. Случката...

Човек уапсен затоа што преку Фејсбук го „навредил“ претседателот на Таџикистан

Агенти на управата за безбедност на Таџикистан притвориле корисник на Фејсбук затоа што го „навредил“ претседателот на таа земја. Според локалната новинска агенција Озодагон, 30-годишниот маж бил уапсен (на руски) откако објавил „клеветнички“ слики и текстови на овој веб-сајт за социјално вмрежување.