Проектот Лингва
Проектот Лингва се обидува да го приближи Глобал Војсис кон другите јазици, различни од англискиот, со помош на волонтери преведувачи. Со овој проект се отвораат можности за комуникација со блогерите и читателите на ГВ од не-англиско говорно подрачје, на тој начин што содржината на главниот ГВ сајт се преведува на други јазици.
Проверете ги скорашно преведените статии.
Јазици кои активно се преведуваат
Кратка историја
Инспирирани од работилница на Глобал Војсис на самитот во Делхи, Индија, група од франкофон блогери им пристапија на основачите Итан Зукерман, Ребека Мекинон и тајванскиот соработник Портној за започнување на франкофонски ГВ сајт, сличен на пионерскиот ГВ сајт на кинески. Потоа други јазични заедници изразија интерес и Лингва започна со работа.
Вклучете се
Избраните јазици ги отсликуваат моментите во нивните заедници од читатели. Секој дополнителен јазик за кој што постои интерес, ќе биде додаден на Лингва. Волонтерите на Лингва добиваат признанија за нивната работа, се здобиваат со значајно изложување со што го градат своето преведувачко портфолио. Главно, Лингва преведувачите помагаат во доближување на светот и распространување на пораките. Доколку сакате да се вклучите, контактирајте го уредникот на еден од проектите наведени погоре.
















