The Global Voices Lingua project hopes to bring GV content to new linguistic audiences - Details

Also in:

Глобал Војсис се стреми да ја собира, организира и проширува глобалната конверзација на интернет – осврнувајќи се на места и луѓе коишто останатите медиуми често ги игнорираат.


2008-08-08

Источна и Централна Европа

Метаморфозис ги разгледува негативните реакции на македонските невладини организации и блогерите за „неодамнешните промени на Законот за кривична постапка и Законот за следење на комуникациите, дозволувајќи примена на посебни истражни мерки (сите видови прислушкување)“.

2008-08-07

Хрватска: Смртта на Динко Сакиќ

Прочитај За повеќето луѓе надвор од Балканот, името Динко Сакиќ, локацијата Јасеновац и групата под име Усташи не значи многу. Но за Хрватите, овие имиња постојано се враќаат и враќаат повторно и играат улога на национално и меѓународно ниво. За да се објасни подобро важноста на ова, најдобро е да се ...

2008-08-06

Индија: Абортус, родители и индискиот закон

Неодамнешен судски случај го сврте вниманието кон законот за абортус во Индија. Според сегашниот закон во Индија, абортусот не е дозволен по 20-та недела од бременоста, освен ако се докаже дека бременоста е опасна по здравјето на жената. Во овој конкретен случај една двојка, на чијшто фетус му е ...

Арабија: Дали мажите Арапи-Американци се губитници?

„Дали мажите Арапи-Американци навистина се губитници“ се прашува Асом, млада Арабјанка-Американка – или родителите на потенцијалните невести не се во контакт со реалноста кога доаѓа време за избор на соодветен зет? Според Асом: Многу возрасни ги сметаат неколкуте момчиња од мојата мала заедница за претставници на Арапите-Американци од САД и одлучија дека ...

Кина: Тибетски протестанти поставија знаме пред олимпискиот стадионThis is a Видео post

Сѐ уште се чека на повеќе детали (новости подолу), но влогерот на Qik.com, Ноел Хидалго беше на местото на настанот и пренесуваше новости преку Твитер. Еве видео кое тој го сними пред олимпискиот стадион: Ноел објави и второ видео, во кое известува дека кинеските пожарникари симнале еден протестант, а другиот по ...

2008-08-05

Палестина: Нема мир за Ахмед Муса ни во животот ни во смртта

Илјадници ожалостени чекаа на погребот на Ахмед Муса, момчето кое го убија израелските војници на почетокот на неделава за време на протест во Нилин. Меѓутоа, не беше судено момчето да има мирен закоп и пред да заврши денот, падна уште една човечка жртва. Џилијан Јорк прави преглед на блогосферата во потрага по реакции.

Кина: Знакот за Олимпијадата повисок од Кинескиот ѕид

„Прво нешто што видов кога застанав на ѕидот,“ пишува Фликер корисникот Мунаг Дејдример, „слоганот на Олимписките игри 2008 во Пекинг... може да се види насекаде во Кина: на браници, на автобуси и згради, па дури и на Кинескиот ѕид.“ Повеќе фотографии од знакот, од различни агли може да се погледнат тука.

2008-08-04

Саудиска Арабија: Забрана за мачки и кучиња

Оваа недела во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, беше објавена забрана за продавање на мачки и кучиња како домашни миленици или нивното шетање во јавност, бидејќи некој маж ги користел за заведување на жени. Блогерите од кралството, како и оние од надвор, реагираа вчудоневидени. Врвот на Комисијата за промоција на ...

2008-08-03

Русија: Затемнувањето на сонцето и политиката во СамараThis is a Слики post

Рускиот фотограф Олег Климов беше во градот Самара на 1 август, денот кога имаше тотално затемнување на сонцето, за да се сретне со претставници од локалната опозиција. На неговиот блог, тој опиша (руски) редок случај на спојување на руската политика и астрономијата: [Кликнете тука за да ги видите четирите фотографии на ...

2008-08-01

Кина: BBC обвинет за неправилно објавување на застарена фотографија

Проследено со овонеделното ширењето на страв од страна на американскиот сенатор Сем Браунбек дека Кина ќе ги надгледува учесниците во Олимписките игри во нивните хотелски соби, anti-CNN.com ја локализираше сторијата опфаќајќи го известувањето на BBC за веста, во постот „Британскиот канал за перење на мозоци BBC повторно лаже!“ , кој ...