Блогирање на сонот: Сон за блогирање

Фондацијата Оризонтури и Кампулунг Молдовенец од Романија им помагаат на луѓето со ментална хендикепираност уште од 1995 година. Нивната иницијатива за проект за граѓански медиум „Блогирање на сонот“, со помош на грант од Rising Voices креираше клуб за блогирање за корисници со ментален хендикеп. Во клубот тие се обучуваат како да одржуваат блог, поставуваат видеа на онлајн сајтовите за споделување и како да ги користат социјалните мрежи. Со блоговите овие луѓе ги искажуваат своите мислења и се надеваат дека ќе ги срушат бариерите, се борат против дискриминацијата и ќе ја подигнат свеста за менталните болести.

Учесници во проектот Блогирање на сонот

Учесници во проектот „Блогирање на сонот“, во центарот седи Габриела Танасан.

Во ноември, Габриела Танасан, координаторот на проектот беше поканета од Фондацијата Сорос на нивната конференција „Застапување преку блогирање“ во Букурешт, Романија. Таа го претстави проектот и дискутираше како блоговите може да им помогнат на пациентите со ментални болести. Настанот беше блогиран во живо од Бет Кантер:

  • Тие сакаат да го подобрат нивниот живот и самодоверба и да водат независен живот.
  • Тешко е да се работи со новинари – бидејќи тие веруваат дека ништо не се случува – тие ги нарекуваат „лудаци“ – тоа е рурална заедница со неколку села распространети низ планините. Поради тоа тие сакаат да блогираат. Тие сакаат да ги срушат митовите за тоа што всушност значат менталните болести.
  • Волонтерите беа ученици од средно училиште. Преку интернет тие дознаа за грантовите на Rising Voices. Тие поднесоа апликација за која им помогнаа волонтери од Peace Corps.
  • Целта на проектот е да се поттикнат луѓето со ментални болести да ги споделуваат своите идеи и искуства.

Идејата на проектот „Блогирање на сонот“ беше претставен пред 70те членови на организацијата за тие да можат да најдат 10-15 заинтересирани волонтери за работилниците. Од блогот на проектот:

Имавме неколку брзи реакции и барања за вклучување во обуките. Еден од најновите активни членови, жена во 50тите извика „Ооох, изберете ме мене. Сакам да бидам прва на листата. Не сакам да пропуштам ништо.“

За работилницата беа купени нов компјутер, веб камера и дигитална камера и беше приклучена многу потребната интернет конекција. Двомесечната техничка обука беше поделена во 8 сесии:

Некои од темите кои беа опфатени во овие сесии се откривање на идентитет, приватност, авторски права, како да се реагира на негативни коментари, навигација низ интернетот, како и други онлајн мрежи како YouTube и Facebook, користење на веб и дигитална камера. Ние креираме и основни прирачници кои ќе ги вклучуваат претходно наведените теми и ќе има и чекор по чекор упатство за креирање на блог. Овие прирачници ќе бидат користени после обуките како алатки за новите блогери.

Тука може да ја погледнете содржината на обуката.

Учесници во обуката

Техничката обука започна на 16ти октомври со 13 учесника, кои беа на возраст од 13 до 53 години. Шест учесника беа од заедницата за ментални болести, а седум студенти беа од Школата Центрул, школо за студенти со посебни потреби, вклучувајќи ги и менталните болести.

Учесници во обуката пред компјутери

На блогот на проектот е напишано следново за првата сесија:

Кон крајот на сесијата сите седнаа на компјутерот да за го разгледаат и истражат непознатото.

Некои од нив ги испробаа нивните способности за куцање и една жена напиша „Се чувствувам добро пред компјутер.“

Постоеја многу предизвици. Интернет конекцијата не беше приклучена во првите три недели. Школата Центрул ги отстапи своите простории за работилниците. Во четвртата недела интернет конекцијата беше конечно приклучена.

Слабата компјутерска писменост на учесниците го кочеше прогресот на работилницата, но учесниците отворија свои имејл адреси и се чувствуваа сигурни во неколку технички аспекти.

На 14 декември официјално заврши техничката обука. Клубот имаше лимитирано греење и тоа ги спречи некои од учесниците од присуство во ладните денови. Меѓутоа група од 8 ентузијасти ја завршија обуката комплетно.

После празниците учесниците ќе започнат со нивната двомесечна практична обука. Прогресот веќе е видлив:

Учесниците полека успеваат да ги започнат и одржуваат своите блогови. Тие уживаа додека учеа како да ја користат дигиталната камера и како да ги пренесат сликите на компјутерот. Навистина не радува кога гледаме како учесниците внесуваат гордост во својата работа.

Досега се отворени шест блогови. Тие се:

Мирела пишува на Viata, asa cum e ea… (Животот е таков каков што е), блог за едно од нејзините детски сеќавања за Божиќ.

Деа пишува на Dragoste, Afectiune si Prietenie (Љубов, наклоност и пријателство), блог за пријател кој е опседнат со пари

Лој Овидиу на блогот Герила објави неколку прекрасни фотографии од регионот Буковина

Некои од фотографиите на проектот се постаени на Flickr. Фотографиите кои се искористени во овој пост се од таа галерија.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.