Израел: Земја на оган и мраз!

Сериозни зимски бури со силни ветрови, дожд и снег го погодија најголемиот дел од Израел оваа недела и предизвикаа пустош ширум земјата. На север, планината Хермон беше покриена со повеќе снег отколку што имала државата цели 20 години наназад. Ова се случило неколку дена по опустошувањето на регионот Кармел од шумски пожар, кој што остави 43 мртви и предизвика штета проценета на околу 100-120 милиони шекели.
За многумина, овие бури се добредојдени бидејќи обезбедуваат ослободување од сушата која владееше со години. Езерото Галилее, главниот резервоар на вода во Израел, пораснал за пет сантиметри како резултат на овие бури.

Ова чувство се појави кај многумина од израелската твитосфера. @Текчелет вели:

Јас се радувам што во Израел има бура со дожд и снег во моментов. Барук ХаШем. Ти благодарам Татко!

И покрај предизвиканиот пустош, рушењето и непријатноста, многумина му беа едноставно благодарни на дождот. @МаозИзраел додаде:

Снег и дожд во Израел! Господ одговара на нашите молитви!

Но, овие бури не беа одговор на нечии молитви. Сепак, покрај очајната потреба од дожд, бурите предизвикаа и штета насекаде во државата..

МаозИзрел на блогот објави некои слики од рушењето предизвикано од бурите:

Плажата на Тел Авив разрушена од бурниот ветар и страшните бури

Романската блогерка која живее сама во хотелот Холи Ленд, во Ашдод, опишува како била зафатена од бурата заедно со своето семејство возејќи накај Елиат:

Тоа беше ужасно! Најпрво, само ветар, многу јак, а потоа песок…Кога влеговме во Митцпе Рамон беше премногу ладно и ветровито… Јас бев преплашена. Бурните ветрови продолжија да ја удираат колата од една страна, па од друга, а јас бев целосно избезумена. Не бев способна да изговорам ниту еден збор. Стомакот ми беше колку зрно грашок, а грлото стегнато… Неверојатно…додека мрморев молитви и си мислев дека сум на некое друго место. На крајот на нашето патување, некои 30км пред Елиат, бурата од песок ненадејно стивна, небото стана јасно и сонцето повторно беше на небо.

Потоа, тука беа оние кои покажаа претпазливост кон ветрот и ги искористија предностите на таквите услови. Израелски сурфер на ветар, Шахар Зубари, се спротивстави на временските услови и се соочи со брановите.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.