Global Voices во партнерство со Google ќе доделува награда за слобода на изразување

Номинациите се отворени од 29 декември 2009 за наградата Breaking Borders (Рушење на границите), нова награда креирана од Google и Global Voices со цел да се истакнат извонредните веб проекти, иницирани од индивидуалци или групи кои покажуваат храброст, енергија и способност во користењето на интернетот за промовирање на слободата на изразување. Оваа награда е исто така подржана од Thomson Reuters.

Оваа награда се надоврзува на вредностите истакнати во Манифестот на Global Voices, документот напишан на вики сајт во 2004 година кој има за цел да ги систематизира насоките на организацијата и заедницата која ќе стане позната како Global Voices. Манифестот започнува со зборовите:

“Ние веруваме со слобода на говорот: во заштита на правото за говорење и правото за информирање. Ние веруваме во слободен пристап до алатките за говор.

Токму поради тоа, ние ги охрабруваме сите што сакаат да го искажат своето мислење или да се информираат да најдат начин и да го направат тоа.”

Наградата Breaking Borders исто така се надополнува на работата на Global Voices Advocacy, која беше формирана во февруари 2007 со цел да ги истакне активностите на организациите поврзани со слободата на изразување.

Наградата Breaking Borders е отворена за сите луѓе од сите националности. Добитниците ќе бидат избрани од група експерти од областа на слободата на изразување. Парична награда од 10 000 долари ќе биде доделена во секоја од следниве области:

1. Застапување, која ќе се додели на активисти или крупа за користење на онлајн алатки за промоција на слободно изразување или за да се поттикне политичка промена

2. Технологија, која ќе се додели на индивидуа или група за креирање на важна алатка која ќе овозможи слободно изразување и слободен пристап до информации

3. Политики, која ќе се додели на креирач на политики, владин претставник или невладина организација која е лидер во полето и има значајни придонеси

Номинациите за наградата Breaking Borders може да се поднесат на http://www.breakingborders.net, а последен рок е 15 февруари, 2010 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.