Балкан: „Чија е оваа песна?“

Неодамна неколку македонски блогери го објавија документарецот „Чија е оваа песна?“ на бугарскиот режисер Адела Пеева и започнаа да дискутираат за приказната. Документарецот е снимен од идеја која режисерот ја добил за време на една вечера во Истанбул со неколку свои пријатели (Македонец, Србин, Грк и Турчин), кога секој од нив изјавил дека песната која одела во позадина потекнува од нивната земја.

Документарецот прв го објави Архео блог и напиша кратка рецензија:

[…] Иако самиот документарец воопшто нема политички тенденции, сепак потрагата по идентитетот на една песна ја отсликува потрагата по сопствениот идентитет и националната нетрпеливост кај народите од Балканот. Наместо да ги спои,  не знаејќи во што се впушта, на моменти Пеева се соочува со емотивната реакција на интервјуираните луѓе дека ги увредува.  Во обид да ги поврзе нишките на заедничкото културно наследство на Балканот, овој пат преку музиката, Адела Пеева на крајот ќе востанови дека скоро е неверојатно како само една песна со непознато потекло може да предизвика омраза кај луѓето. Што го покажува и самиот крај на филмот во која впечатлива е сцената каде една фиеста се претвора во ливада која гори и ја спасуваат “луѓе од повеќе етникуми”. Оти се случува на границата помеѓу Бугарија и Турција.

Покрај тоа што е одличен документарец, она што мене ме заинтригира и што ме предизвика на размисла беа два податока кажани во филмот – “Дека се работи за воинствена песна и дека тактовите доаѓаат од северот на Европа бидејќи се нетипични за Балканот”. А на вас останува да откриете за која мелодија се работи.

Кога постот на Архео блог беше споделен на Кајмак.от, тој предизвика неколку реакции:

Arwena:

Не знам зошто таква тенденција во се да се бара кавга и основа за националистички тенденции. Иако тоа на Балканот за жал скоро секогаш е така, бидејќи политиката е неминовно испреплетена со историските околности. Јас стојам на ставот дека “самиот документарец воопшто нема политички тенденции” оти е правен со друга цел. Веројатно немал таков мотив кога се започнал, но резултатите ни покажуваат нешто сосема друго. Нешто што сме го виделе повеќе пати кога се мешаат културни вредности и достигнувања на различни етноси и цивилизации. Било што уметничко да се создаде, кое вклучува повеќе засегнати страни, по природата на нештата и настаните во овој регион неминовно води кон национализам и се смета за мотив со политички тенденции.

Zlochko:

Да да. Правен е од чисто наивни причини да го најде вистинското потекло на песната. Затоа на Босанците им вели дека Србите сметаат дека го имаат оригиналот (иако сѐ уште не беше ни отидена во Србија), на Србите им ја пушти босанската верзија, а на Бугарите им вели дека Турците тврдат дека е нивна.
Нема ништо наивно во документарецов… а ако со нешто е преполн тоа е со политика. Ама, убаво што е така направен – ти отсликува тукашните народи на прекрасен начин. :

Блогерот Развигор исто така го објави видеото и напиша:

Авторката на филмот во делот со Албанија кажува дека ќе се врати таму, а тоа навистина се случило со нејзиниот следен филм „Развод на албански начин“. Дали и тој може да се најде на интернет?

Е за вакви работи зборував кога го барав македонскиот Мајкл Мур.

Во Македонија постојат две верзии од песната: од градот Прилеп „Ој ти Пацо Дреновчанке“ и од градот Тетово „Ој девојче, ти тетовско јаболче“.

2 коментари

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.